Св. Недела - Асамати (археолошки локалитет)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Археолошки локалитети во Република Македонија |
|
---|---|
Св. Недела
(Република Македонија) |
|
Име | Св. Недела |
Место | Асамати |
Период | бронзено време |
Тип |
|
Археолошкиот локалитет Св. Недела е населба од бронзеното време. На околу 500 m северно од селото и 100 m јужно од раскрсницата на патот Макази - Претор се наоѓа блага височинка / тумба, која е доста развлечена од интензивните земјоделски работи. Во нивите во 1978-80 година е извршено заштитно археолошко ископување при што се откриени остатоци од куќа, градена од дрвена граѓа и кал, од крајот на бронзеното време. Подвижниот археолошки материјал го претставуваат множество керамички садови за секојдневна употреба, со различни димензии и форми, скромно украсени со вдлабнатини од прсти. Најдени се орудија од коска и камен, како и тегови и прешлени од земја. Неколкуте групи од фрагментирани керамички садови асоцираат на грнчарска работилница. Средниот дел на куќата е уништен со вкопувањето на подоцнежен објект, со ѕидови дебели 1 m сувоѕидица, поставени во правец исток-запад, организирани во облик на буквата П. Функцијата и временската припадност на овој објект не можеле да се определат. Наодите се чуваат во Музејската збирка во Ресен.
[уреди] Види исто така
Други археолошки локалитети во околината на Асамати.
- Асамати, осамен наод од римското време.
- Мисурица, населба и некропола од римското време.
- Прекоп, населба од хеленистичкото време.
- Ружин Гроб, тумул од железното време.
- Св. Архангел, осамен објект од доцноантичкото време.
- Св. Недела, населба од бронзеното време.