Системи на пишување
Од Википедија, слободна енциклопедија
Систем на пишување е симболичен систем што се користи за обележување на елементите на еден јазик како што се гласови, интерпукциски знаци и броеви. Системите на пишување се одделени од другите можни симболични комуникациски системи во тоа што мора да се разбира нешто од јазикот на кој се пишува. Во спротивност на ова, други можни симболични системи како што се мапите, цртежите и математичките симболи често не побаруваа претходно знаење на јазикот што се зборува. Секое човечко општество поседува јазик, особина што од многу луѓе е карактеризирана како уникатна особина на човечкиот род. Како и да е, развојот и присвојувањето на системите на пишување се случило спорадично. Еднаш кога е основан, системот на пишување помалку е подложен на промени одошто гласовната форма на јазикот. и исто така содржи елементи што можеби веќе не се користени во гласовната форма на јазикот.
[уреди] Кирилица
Кирилицата е користена од Македонскиот, Српскиот, Бугарскиот, Рускиот, Белорускиот, Украинскиот, Монголскиот и повеќе други јазици. Подолу е даден пример од една од кириличните азбуки односно Македонската Кирилица.
А /a/ |
Б /b/ |
В /v/ |
Г /ɡ/ |
Д /d/ |
Ѓ /ɟ/ |
Е /ɛ/ |
Ж /ʒ/ |
З /z/ |
Ѕ /ʣ/ |
И /i/ |
Ј /j/ |
К /k/ |
Л /l/ |
Љ /ʎ/ |
М /m/ |
Н /n/ |
Њ /ɲ/ |
О /ɔ/ |
П /p/ |
Р /r/ |
С /s/ |
Т /t/ |
Ќ /c/ |
У /u/ |
Ф /f/ |
Х /h/ |
Ц /ʦ/ |
Ч /ʧ/ |
Џ /ʤ/ |
Ш /ʃ/ |
[уреди] Латиница
Латиница е назив за писмото со коешто се служеле старите Римјани, како и за писмата изведени од него. Латиницата постои во неколку верзии коишто имаат од 20 до 40 букви коишто можат да бидат мали и големи. . Се пишува од лево на десно. Подолу е пример за стандардната латинична азбука:
Големи букви | |||||||||||||||||||||||||
A | B | C | D | E | F | G | H | I | J | K | L | M | N | O | P | Q | R | S | T | U | V | W | X | Y | Z |
Мали букви | |||||||||||||||||||||||||
a | b | c | d | e | f | g | h | i | j | k | l | m | n | o | p | q | r | s | t | u | v | w | x | y | z |