Срп
Од Википедија, слободна енциклопедија
Срп е закривена рачна земјоделска алатка која обично се користела за жнеење житни култури пред да биде измислена современата жетвена машинерија. Се состои од закривено сечило со кратка рачка. Внатрешноста на кривината е остра, така што при замавнување со него по основата на растението, работникот едновремено го го потфаќа и сече растението. Слична на оваа алатка е косата. Највоочливата разлика помеѓу српот и косата е обликот на сечилото - кај косата тоа е поправо, додека кај спрот е повеќе во облик на буквата „С“ со зашилување на крајот, како и должината на рачката.
Во грчката митологија српот е оружје на Хрон и Персеј.
[уреди] Друга употреба
- Српот е дел од добро познатиот тандем срп и чекан, кој е симбол на комунизмот и револуционерниот социјализам. Српот тука го претставува селанството.
- Такит нѐ известува дека српот бил користен во друидски ритуали.
[уреди] Видете исто така
- Срп и чекан
- Коса
- Српна двоколка
- Хопеш