Текстура (музика)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Во музиката, текстура е севкупната одлика на звукот во една композиција, најчесто назначена од бројот на гласови во музиката и соодносот помеѓу тие гласови (видете видови текстура подолу). Текстурата на едно дело може дополнително да се опише со термини како што се „цврста“ и „лесна“, „груба“ или „урамнотежена“. На пример, се вели дека популарните композиции на Арон Копланд се со „отворена“ текстура. Восприемената текстура на делото може да зависи и од бројот и карактерот на деловите кои свират истовремено, темброт на тие инструменти или гласови, како и хармонијата, темпото и ритмовите .
Содржина |
[уреди] Видови текстура
Во музикологијата, особено во полето на музичката историја и музичката анализа, некои чести поими за разните видеви текстури се:
- Монофонична - еден мелодичен глас без хармонична придружба (може да има ритмичка придружба).
- Полифонична - повеќе мелодични гласови, независни еден од друг во иста мера.
- Хомофонична - повеќе гласови каде еден од нив, мелодијата, јасно се истакнува, додека другите гласови се во позадина, како хармониска придружба. Ако сите делови имаат ист (или ресити ист) ритам, тогаш хомофоничната текстура може да се рече дека е хоморитмичка.
- Хетерофонична - каде гласовите се различни по карактер, движејќи се во спротивставени ритмови. Гласовите може да изведуваат една мелодија со истовремени варијации на неа, или пак зналително различни мелодии. (Хетерофонијата може да се смета за подкатегорија на полифонијата, или збогатен/дисхармоничен облик на монофонија, или пак некоја мешавина од двете).
(Hanning, 1998, and Copland).
Иако во музичкото образование извесни стилови и репертоари се поистоветуваат со некој од овие описи (на пр. за Грегоријанскиот корал се вели дека е монофоничен, Баховите корали дека се хомофонични, додека фугите - полифонични), многу композитори користат повеќе од еден вид текстура во рамките на едно дело.
Истовременост е повеќе од една потполна музичка текстура кои се јавуваат истовремено, а не последователно.
Понова текстура, за прв пат употребена од Ѓорѓи Лигети е микрополифонијата. Други текстури се хоморитмиката, политематиката, полиритмиката, ономатопејата, сложената, и мешаната или композитна текстура (Corozine 2002, стр.34).
[уреди] Извори
- Copland, Aaron. What to Listen for in Music. Издадавач: Signet Classic, печатено од New American Library, одделение на Penguin Group (USA) Inc., 375 Hudson Street, New York, NY.
- Corozine, Vince (2002). Arranging Music for the Real World: Classical and Commercial Aspects. ISBN 0-7866-4961-5.
- Hanning, Barbara Russano, Concise History of Western Music, базирана на A History of Western Music од Donald Jay Grout & Claudia V. Palisca , Петто издание. Издавач: W W Norton & Company, New York, Copyright 1998. ISBN 0-393-97168-6.
[уреди] Библиографија
- Hyer, Brian: 'Homophony', Grove Music Online ed. L. Macy (пристапено на 24 септември 2006), <http://www.grovemusic.com>
- Frobenius, Wolf: 'Polyphony', Grove Music Online ed. L. Macy (пристапено на 24 септември 2006), <http://www.grovemusic.com>
- 'Monophony', Grove Music Online ed. L. Macy (пристапено на 24 септември 2006), <http://www.grovemusic.com>
[уреди] Надворешни врски
Монофонија * Хоморитам и Хомофонија * Хетерофонија * Полифонија и Контрапункт * Микрополифонија