ТНТ
Од Википедија, слободна енциклопедија
Тринитротолуен | |
---|---|
Име | 2-Метил-1,3,5-тринитро-циклохекса-1,3,5-триен |
Други имиња | 2,4,6-Тринитротолуен, Тротил 2,4,6-Тринитрометилбензен |
Кратенка | ТНТ |
Формула | C7H5N3O6 |
Моларна маса | 227,131 g/mol |
Изглед | жолт аморфен тврд |
Густина | 1,654 g/cm³ |
Точка на топење | 80,35 °C |
Точка на вриење (распад) | 295 °C |
Растворливост | 130 mg/l вода (H2O, 20°C) |
Други растворувачи | етер ацетон бензен пиридин |
Неосетлив на удар | |
Неосетлив на триење | до 353 N |
Брзина на експлозија | 6,900 m/s |
Тринитротолуен (ТНТ) е хемиско соединение со формула CH3C6(NO2)3CH3. Тоа е во цврста агрегатна форма, со жолта боја и е најдобро познато како експлозивен материјал со практични карактеристики за ракување. Експлозивната моќ на ТНТ се користи како стандардна мерка за силата на бомбите и на другите експлозиви.
Содржина |
[уреди] Подготовка
ТНТ се синтетизира во процес од три чекори.[1] Прво толуенот се нитрира со мешавина на сулфурна киселина и азотна киселина и се добива моно-нитротолуен; потоа се повторува постапката уште два пати за да се добие ТНТ. Киселините што се употребуваат за нитрација се рециклираат и повторно се користат во производството.
[уреди] Примени
ТНТ е еден од најчесто користените експлозиви за воени и индустриски намени. Ценет е бидејќи е многу инертен и отпорен на триење и температура, па затоа е безбеден за користење. Се топи на 80°C, далеку под неговата точка на вриење од 295°C, и затоа може да се топи и лие во калапи или меша со други експлозиви.
[уреди] Експлозивни особини
По експлозијата, ТНТ се распаѓа на следниов начин:
- 2 C7H5N3O6 → 3 N2 + 5 H2O + 7 CO + 7 C
Реакцијата е егзотермна, но има висока енергија на активација. Поради продукцијата на јаглерод, експлозиите на ТНТ имаат чадлив изглед.
[уреди] Историја
ТНТ првпат бил произведен во 1863. од Германскиот хемичар Јозеф Вилбранд[2] кој го корисtел како жолта боја. Неговиот потенцијал како експлозив не бил користен неколку години потоа бидејќи било многу тешко да се детонира. Германските вооружени сили го усвоиле како полнење за нивната артилерија во 1902. Британците ги следеле во 1907.
[уреди] Токсичност
ТНТ е отровен и допирот со кожата може да предизвика иритација и промена на бојата на кожата во светло жолто-портокалова. Луѓе кои се подолго време изложени на допир со ТНТ може да добијат анемија, пореметена функција на црниот дроб, зголемување на слезината и други крвни промени и пореметувања на имуниот систем. Постојат и докази дека ТНТ е штетен за машката плодност, а се смета и за можен канцероген.[3]
Некои воени полигони се контаминирани со ТНТ. Отпадните води од производните погони за муниција исто ги загадуваат водите и тие може да имаат црвеникава боја. Чистењето на контаминацијата со ТНТ е скапо и тешко.
[уреди] Референци
- ↑ Army TM 9-1300-214, p. 8-83
- ↑ J. Wilbrand (1863). "Notiz über Trinitrotoluol". Annalen der Chemie und Pharmacie 128 (2): 178-179. ДИП:10.1002/jlac.18631280206.
- ↑ „2,4,6-Trinitrotoluene“. Agency for Toxic Substances and Disease Registry. [Страницата е посетена на 2008-02-02].
[уреди] Надворешни врски
- Видео на Ју-тјуб кое прикажува ударен бран и типичен црн чад од детонација на 160кг чист ТНТ
- Видео кое прикажува експлозија на 50 тони ТНТ во 1963 за време на Англо-Австралиската операција „Блоудаун“
- Видео кое прикажува детонација на 453 тони ТНТ
- Видео од тренинг за уривање со употреба на 220гр. чист ТНТ
- Детална подготовка на ТНТ