Треш метал
Од Википедија, слободна енциклопедија
Треш метал е подгранка на хеви метал музика, еден од екстремен подвид кој е карактеризиран со неговата брзина и агресивност.[1]
Потеклото на Треш металот главно потекнува кон крајот на 1970-тите и почетокот на 1980-тите, кога неколку музички групи почнаа да го обртаботуваат звукот на Новиот бран на Британскиот хеви метал (со тоа правејќи нов вид на музика и развивајќи се во друга насока од Панк рокот.) Овој вид на метал (Треш) е многу поагресивен од неговиот ,,роднина" Спид трешот .
[уреди] Музички Особености
Трешот содржи брзи темпа, длабоки, брзи и сложени гитарски рифови, и тенки гитарски солажи. Palm muting се користи во овие цврсто свирени рифови за да се добие ,,придушувачки звук". Треш солажите во најголем случај се свират многу брзо, и честопати се карактеризирани со shredding, и користење техники како sweep picking, legato phrasing, alternate picking, string skipping, и two-hand tapping.
Брзината и тактовите на песните е тоа што го дефинира треш металот. При самото слушање може да се осети дека тапаните се многу истакнати, поради тоа што самиот ритам, брзина, потребата од агресија, се потребни за трешот нели. Исто така треш метал тапанарите користат т.н. ,,дупла папуча" со цел да се постигне побрз ритам.
(страницата не е довршена, информациите се земени од англиската верзија на истата каде што ќе најдете и поопширно на истата тема)