Ур(град)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ур е еден од најдревните градови во Месопотамија, разположен на реката Еуфрат, недалеку од Персискиот залив. При основањето на градот, во околу 3000 години п.н.е. градот се наоѓал на самиот морски брег, но поради регресијата на Персискиот залив, сега се наоѓа во внатрешноста на континентот, блиску до градот Насирија, во денешен Ирак. Својот најголем подем го достигнува во текот на околу 2000 години п.н.е. кога според некои оценки бил најголемиот град на Земјата, со население од 65 000 граѓани.