Хенли на Темза
Од Википедија, слободна енциклопедија
Хенли на Темза Henley-on-Thames |
|
|
|
Население | 10,646[1] |
---|---|
OS координати | |
Округ | Јужен Оксфордшир |
Шајр | Оксфордшир |
Регион | |
Составна земја | Англија |
Суверена држава | Обединето Кралство |
Поштенски град | HENLEY-ON-THAMES |
Поштенски округ | RG9 |
Повикувачки број | 01491 |
Парламент | Хенли |
Европски парламент | |
Хенли на Темза (англ. Henley-on-Thames) е град на северниот брег на реката Темза во јужен Оксфордшир, Англија, околу 16 km низводно и североисточно од Ридинг, 16 km спротиводно и западно од Мејденхед. Се наоѓа билзу аголот помеѓу грофовиите Оксфордшир, Беркшир и Бакингемшир.
Содржина |
[уреди] Историја
Хенли го среќаваме во Книгата на Судниот ден во 1086 како Хенлеј. Бил во поседство на Чертсиската опатија. Средствата биле: 5½ кожи. 1 црква, 6 плуга, 4 акри ливади, корија вредна 50 крмака. Проценето на тогашни £5.[2]
Хенли на Темза ѝ должи многу на својата местоположба и пристаниште кое го снабдувало Лондон со дрвена граѓа и житарици.
[уреди] Градби
Хенлиски мост е мост со пет свода преку реката изграден во 1786. Црквата Св. Мери се наоѓа недалеку од тука и има кула изградена во XVI век.
Во околината на Хенли се наоѓаат неколку значајни приватни градби:
- Фолиски Двор - градба од тули конструирана од архитектот Кристофер Рен.
- Гринлендс со својот денешен изглед благодарение на В. Х. Смит и денес во него се наоѓа Хенлискиот менаџмент колеџ
[уреди] Денес
Хенли е место добро поврзано со Лондон за оние кои не живеат во градот. Градот има своја железничка станица, со директни линии до Лондон Падингтон во најпрометните часови. Вон тие часови до таму се стигнува со менување на возот на Твифорд. покрај ова има и ескпресни магистрални линии од блиското место Ридинг до Падингтон и Хај Викам со пристап до Лондон Мерилебон. Со малку возење по автопатот M40 може да се стигне директно во градот или на Хилингдон за Лондонското метро.
Градот има музеј основан во 1998, наречен Речен и веслачки музеј, кој е во Мил Мидеоус и е контруиран од архитектот Дејвид Чиперфилд. Музејот ги покрива тематиките Темза, веслањето како спорт и самиот град. Бил официјално отворен од кралицата Елизабета II.
[уреди] Веслачка регата
Хенли е светски познат центар на спортското веслање, каде секое лето се одржува т.н. Хенлиска кралска регата, важен друштвен настан за луѓето од средните и високите класи. Се одржува на место каде реката е природно права. Настанот станал кралски во 1851. таа година принцот Алберт станал покровител (патрон) на регатата. Интересно место е т.н. Храмски Остров, кој е мал остров на реката на кој е изграден архитектонски каприц.
На истото место се одржуваат и повеќе други регати и трки во веслање.
Локалните вслачки клубови се:
- Горнотемски веслачки клуб
- Хенлиски веслачки клуб
- Леандерски веслачки клуб (дом на олимписки и светски шампиони)
- Веслачки клуб Филис Корт
[уреди] Збратимени градови
[уреди] Наводи
- ↑ Пописни податоци ((en))
- ↑ Сурејска Книга на судниот ден ((en))
[уреди] Надворешни врски
- Хенли ((en))
- Градски совет на Хенли на Темза - историја ((en))
- Организација на Хенли на Темза ((en))
- Месечен водич низ случките во Хенли ((en))
- Официјален туристички веб-сајт ((en))
- Хенли Стандард, локален весник ((en))
- Речен и веслачки музеј ((en))
- Хенлиска кралска регата ((en))
- Хенлиски младински фестивал, март секоја година ((en))