Хрвати
Од Википедија, слободна енциклопедија
Хрватите се европски и јужнословенски народ кои претежно се населени во западниот дел на Балканскиот полуостров. Нивната бројност се движи околу 6,2 милиони луѓе. Најголемиот дел се населени во Хрватска, а големи хрватски заедници има и во Босна и Херцеговина (Херцеговина), Србија (Војводина), Словенија, Австрија (Бургенланд - Градишче), САД, Германија, Австралија, а помала бројка на Хрвати има и во Македонија.
Хрватите зборуваат на хрватски јазик, кој е доста близок и сличен со српскиот јазик.