Шарл де Гол
Од Википедија, слободна енциклопедија
Шарл де Гол (22 ноември 1890 - Коломбеј, 9 ноември 1970), француски генерал и државник, претседател на Петтата Француска Република од 1959 година, голем светски политичар и борец против фашизмот.
Како претседател му го призна правото на Алжирскиот народ на самоопределување и му овозможи со спогодбата во Евијан (во 1962 г.), да ја заврши седумгодишната војна. Истовремено со стабилизацијата на економската политика во земјата ја поведе Франција по патот на самостојана надворешна политика и ги повлече француските сили од Атлантскиот пакт.