Јајчник
Од Википедија, слободна енциклопедија
Јајчник е женска полова жлезда во која созреваат женските полови клетки и која има ендокрина функција (лачи женски полови хормони). До пубертетот површината на јајчникот е мазна, а потоа по секоја менструација се појавуваат жлебови, кои настануваат како последица од пукањето на зрелите јајце клетки.
Јајчникот е парен огран кој лежи во fossa ovarica. По својот изглед и големина асоцира на бадем, и затоа на него опишуваме 2 страни (латерална и медијална), 2 раба (преден и заден) и 2 пола (горен и долен).