Јованка Орлеанка
Од Википедија, слободна енциклопедија
Јованка Орлеанка (француски: Jeanne d'Arc) (6 јануари 1412 - 30 мај 1431) е народна хероина на Франција и Светец на Католичката Црква. Уште на 17 години, таа ја командувала француската кралска армија, убедувајќи го кралот Шарл VII да ги истера Англичаните од Франција и подоцна, овозможувајќи го неговото крунисување. Бургундијците ја заробуваат и им ја предаваат на Англичаните по што е осудена за ерес и запалена на кол. Таа е прогласена за светица од страна на Католичката Црква на почетокот од 20 век. Моментално, Република Ирска, Канада, Велика Британија и Соединетите Американски Држави покажуваат голем интерес во нејзините дејствија. Јованка Орлеанка се смета за силна жена полна решеност и вера.