Џемс Кук
Од Википедија, слободна енциклопедија
Џемс Кук (англиски: James Cook, 27 октомври 1728 - 14 февруари 1779), англиски поморски истражувач, кој што го откри источниот брег на Австралија, многу острови во Јужен Пацифик и прв ги обиколи бреговите на Алјаска.
Британскиот морепловец и прославен патник околу светот, Џемс Кук, по низа опасни искушенија доживеа неславен крај. Поради непретпазливост на Хаваите, убиен е во нанадејниот жесток судир со жителите на островот.