Џенет Ли
Од Википедија, слободна енциклопедија
Џенет Ли | |
Џенет Ли со ќерките Кели Кертис (лево) и Џејми Ли Кертис (мај 1979) |
|
Родено име | Џенет Хелен Морисон Jeanette Helen Morrison |
Роден(а) | 6 јули, 1927 , Мерсед, Калифорнија |
Починал(а) | 3 октомври, 2004 Лос Анџелес, Калифорнија |
Важни улоги | Мерион Крејн во Психо |
Оскари | |
---|---|
Номинирана: Најдобра споредна женска улога 1960 Психо |
|
Награди златен глобус | |
Најдобра споредна улога 1960 Психо |
Џенет Ли (анг: Janet Leigh) (6 јули, 1927 - 3 октомври, 2004) била американска актерка.
[уреди] Биографија
Џенет Ли била единственото дете на брачен пар кој често се селел од град во град. Живеејќи во станови, Џенет била доста паметно дете кое прескокнала неколку одделенија и завршило средно училиште на 15 години. Осамено дете, кое поминувало многу време во кината. Таа била студентка, учела музичко образование и психологија на Универзитетот на Пацификот, се додека не била откриена кога ги посетила нејзините родители во Северна Калифорнија. Нејзиниот татко работел како рецепционер во одморалиште, кадешто и нејзината мајка работела како помошничка. Пензионираната актерка од студиото MGM, Норма Ширер, видела слика од Џенет на рецепционерската маса и прашала дали може да ја позајми фотографијата. Ова доведува до пробно снимање за Џенет во улога во филмот „The Romance of Rosy Ridge“ (1947). MGM бараат наивна и млада девојка, а Џенет совршено одговарала за улогата. Таа ќе игра наспроти Ерол Флин, Гари Купер, Орсон Велс и Џуди Гарланд. Се појавува во различни филмови, од комедии и вестерни до мјузикли и драми.
Но сепак, и покрај сиве овие филмови, таа ќе остане запаметена по 45-те минути во нискобуџетниот филм „Психо“ (1960). Режиран од Алфред Хичкок, овој култен класик ја вклучува и познатата сцена со тушот. Иако нејзиниот лик умира доста брзо, таа е номинирана за Оскар, а добива Златен глобус. Нејзин нареден филм е „Манџурискиот кандидат“ (1962), во којшто таа ќе настапи наспроти Френк Синатра. Во подоцнежните години ретко се повавува на големото платно, така во 70-тите се појавува во филмови наменети за телевизијата.
Ли се венча за нејзиниот трет сопруг, Тони Кертис на 4 јуни, 1951. Тие имаат две деца, Кели Кертис и Џејми Ли Кертис. Се разведуваат во 1962. Потоа Ли се венча со брокерот Роберт Брант подоцна таа година и остануваат венчани сѐ до нејзината смрт.
Умира спокојно во нејзниот дом на возраст од 77 години. Нејзиното семејство било со неа и во последните часови од нејзината смрт.