Џорџ В. Буш
Од Википедија, слободна енциклопедија
Џорџ Вокер Буш George Walker Bush |
|
43ти претседател на САД
|
|
Во служба | |
На функција од 20 јануари, 2001 |
|
Претходник | Бил Клинтон |
---|---|
Следбеник | незаменет |
|
|
Роден | 6 јули, 1946 Њу Хевн, Конектикат |
Политичка партија | Републиканска |
Сопружник | Лора Буш |
Религија | Методист |
Потпис |
Џорџ Вокер Буш (англиски: George Walker Bush) е 43. и моментален претседател на САД. Неговиот прв мандат започнал на 20 јануари 2001.
Роден е на 6 јули 1946 во Њу Хевн, Конектикат. Син е на бившиот претседател Џорџ Херберт Вокер Буш. Братот на Џорџ Буш - Џеб Буш е гувернер на Флорида од 1999. Младиот Џорџ расте во тексашките градови Мидленд и Хјустон, заедно со Џеб, Нил, Марвин и Дороти Буш. Учи во академијата „Филипс“ во државата Масачусетс, а потоа завршува историја на универзитетот „Јеил“ во 1968. Во универзитетот, тој е член на студентското братство „Делта Капа Епсилон“, како и на тајното друштво „Череп и коски“.
Избран е за гувернер на Тексас во 1995 и работи на таа должност до 2000.
Женет е со Лора Буш и има две ќерки близначки - Барбара и Џена.