25 април
Од Википедија, слободна енциклопедија
Мар - Април - Мај | ||||||
п | в | с | ч | п | с | н |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 | ||||
календар за 2008 г. Сите дати |
25 април е 115-иот ден во годината според григоријанскиот календар (116-и во престапна година). Остануваат 250 денови до крајот на годината.
Настани:
1859 | Според проектот на францускиот конзул во Александрија Фердинанд де Лесепс, започна изградбата на Суецкиот канал, со кој Средоземното Море е поврзано со Црвеното Море. Каналот има големо стратегиско и економско значење, затоа што е најкраток пловен пат од Европа до земјите на Средниот и Далечниот Исток. |
1945 | Во Сан Франциско, САД, почна основачката конференција на Организацијата на обединетите нации, во чија работа учествуваа 45 земји, членки на антихитлеровската коалиција. Право на учество имаа земјите кои до 1 март 1945 година им објавија војна на силите на Оската. Учесниците на конференцијата ја потпишаа Повелбата на ООН на 20 јуни, а ја ратификуваа на 24 октомври 1945 година (Ден на ООН). |
1960 | Во Битола е основано Друштво за наука и уметност. Друштвото е основано со цел да го потикнува развојот на научната мисла, да го проучува минатото, да извршува истражување и унапредување на сите области во развојот на градот и околината. |
1971 | Околу 100.000 демонстранти изведоа марш во Вашингтон поради американското воено ангажирање во Виетнам. |
1979 | Во Битола е прогласено основањето на вториот Универзитет во СР Македонија. |
1986 | Се случи хаварија на нуклеарната централа во Чернобил, Украина во СССР. Беа озрачени неколку илјади луѓе. |
1996 | Република Македонија и Хондурас воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади. |
Родени:
1874 | Џилјелмо Маркони, Италијански инженер и пронаоѓач. |
Починале:
1744 | Андерс Целзиус, шведски физичар и астроном. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |