31 јули
Од Википедија, слободна енциклопедија
Шаблон:Јули 2008
31 јули е 212-иот ден во годината според григоријанскиот календар (213-и во престапна година). Остануваат 153 денови до крајот на годината.
Настани:
1483 | Кристифор Колумбо, големиот шпански морепловец, на своето трето патување во новиот свет, го откри островот Тринидад, а потоа и за првпат стапна на брегот на Јужна Америка. |
1849 | Во битката кај Шегешвар, умира Шандор Петефи, најголемиот унгарски поет на сите времиња, водачот на националното движење од 1848 година. |
1941 | Германскиот маршал Херман Геринг му дава писмена директива на шефот на полицијата Рајнхар Хајдрих да направи нацрт-план за елиминирање на Евреите во Европа. |
1954 | Италијанска експедиција предводена од Ардито Десио прва го освојува врвот Годвин Остин, попознат како К2, на Каракорум, кој со своите 8.611 метри, е втор највисок врв на Земјата. |
1964 | Американската вселенска сонда „Ренџер 9“ ги емитува на Земјата првите снимки од темната страна на Месечината. Овој успех научниците го оценија како најголем домет на астрономијата по Галилеј. |
Родени:
1800 | Фридрих Велер, германски хемичар. |
1912 | Милтон Фридман, американски економист, добитник на Нобеловата награда за економија во 1976 година. |
1919 | Примо Леви, италијански писател. |
1965 | Џоан Роулинг, шкотска писателка, авторка на бестселерите за малиот волшебник Хари Потер. |
Починале:
1784 | Дени Дидро, француски филозоф, енциклопедист, критичар на религиозниот морал и носител на просветителската мисла од предреволуционерна Франција. |
1886 | Франц Лист, унгарски пијанист и композитор, музичар со романтичарско определување и предводник на германската школа. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |