Аеродром (населба)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Името на населбата Аеродром е добиено по воениот аеродром кој се наоѓал кај поликлиниката „Јане Сандански” и касарната „Гоце Делчев”, а кој бил бомбардиран од нацистичка Германија во април 1941 г. Аеродромот бил наречен “Скопје”, а првиот патнички авион слетал на 15 јуни 1928 година. Авионот бил од типот “Потез-29”, а превезувал 5 патници.
Со законот за новата територијална поделба во авуст 2004 година се формира новата Општина Аеродром која во минатото беше во склоп на Општината Кисела Вода. Таа е формирана е на 12 Април 2005г. кога за прв пат е оддржана седница на Советот на општината.
Содржина |
[уреди] Историја
Во 1929 година била воспоставена авионска линија Солун-Скопје-Белград. Времето на тргнување било така планирано што на патниците и трговците од Солун им овозможувало заштеда во време. Авионите поаѓале од Скопје во 7ч наутро. Големиот жупан на Скопје, Антонио Вилдовиќ, во 1925 година, како вљубеник во воздухопловството и прв човек на власта, купил еден француски авион “Каљдран”, прв цивилен (спортски) авион во Кралството Југославија.
Прв пилот бил М. Јерошенко. Есента 1926 година бил одржан првиот аеромитинг со учество на воени авиони и пригодна програма. Секоја година се одржувале аеромитинзи во Зајчев рид и во стариот Аеродром. Посетителите на аеромитинзите за 30 динари можеле да пробаат да летаат со авион.
Како куриозитет старите Скопјани го сметаат слетувањето на Еми Џонсон, една од првите жени-пилоти во светот, на скопскиот аеродром во 1930 година при нејзиното враќање од Австралија за Лондон.
Во 1937 година во договор со авионското друштво “Аеропут” и Сидна, Министерството за сообраќај воспоставило авионски сообраќај со Кралството и странство. Со оваа линија стасувал и весникот “Правда” од Белград. Од 1924 до 1931 година се одржувале фудбалски натпревари помеѓу маалата. Клубот “Славија” бил формиран од трите спортски клубови “Југ”, “Победа” и “Славија”, а настапувале под името железнички клуб “Славија” ЖКС.
[уреди] Население
Вкупен број на население: 72 009 жители
Пол :
женски: 36 718 машки: 35 291
Националност:
Македонци: 89,5% Срби: 4,3% Албанци: 1,4% Роми: 0,8% Власи: 0,7% Турци: 0,6% Други: 2,7%
Образование (за лица над 15 години):
без основно: 488 некомплетно основно: 2264 основно: 9254 средно: 35078 вишо: 2535 високо: 10603 магистри: 417 доктори: 274 возрасни кои учат ОУ: 20
(невработени 13.000; 10% ВСС); домаќинства 21.495; станови (живеалишта) 23.754
[уреди] Мапа на нас. Аеродром
[уреди] Образовни центри
• Средни училишта: 3
ДСУ Димитар Влахов” ЖУЦ Владо Тасевски” ДСУ Марија Кири Склодовска”
• Основни училишта: 7
ОУ Блаже Конески ОУ Браќа Миладиновци ОУ Ѓорѓија Пулевски” ОУ Љубен Лапе ОУ Лазо Ангеловски ОУ Димитар Македонски ОУ Гоце Делчев
Скопски маала и населби | ![]() |
|
---|---|---|
Автокоманда | Аеродром | Бутел I | Бутел II | Влае | Водно | Волково | Гази Баба | Гоце Делчев | Дебар Маало | Дексион | Драчево | Ѓорче Петров | Жданец | Железара | Злокуќани | Илинден | Јане Сандански | Капиштец | Карпош I | Карпош II | Карпош III | Карпош IV | Кисела Вода | Кисела Јабука | Козле | Колонија Идризово | М.А. Ченто (Сингелиќ) | Маџари | Маџир Маало | Миладиновци | Момин Поток | Ново Лисиче | Пинтија | Пржино | Припор | Радишани | Скопје Север | Сопиште | Стајковци | Топанско Поле (Населба Васил Главинов) | Ќерамидница | Хиподром | Центар | Црниче | Чаир | Шуто Оризари |