Капиштец
Од Википедија, слободна енциклопедија
Капиштец е високо урбанизирана населба во состав на општината Центар. Населбата Капиштец се наоѓа на околу 1 км југозападно од плоштадот во Скопје на подножјето на планината Водно. На исток Капиштец се граничи со Центар,на север со Буњаковец, на запад со Тафталиџе и Козле, а на југ со населбата Водно.
Содржина |
[уреди] Сообраќај, инфраструктура и како да стигнете до Капиштец
До Капиштец од Центар има околу 15-20 минути одење пеш, во зависност во кој дел на Капиштец сте упатени. Поврзаноста со улици со Центар е преку источниот крај на ул.Васил Ѓоргов (се надополнува во Водњанска) и источниот крај на ул.Народен Фронт, а преку ниввните западни креви Васли Ѓоргов продолжува кон Козле, а Народен Фронт кон Тафталиџе.Исто така магистралната улица Митрополит Теодосиј Гологанов (Иво Лола Рибар) помнува низ Капиштец,кој всушност го поврзува Ѓорче Петров (крајниот западен дел на Скопје) со Центар. Квалитетот на улиците е среден бидејќи се со многу дупки (кои за време на дождови се полнат со вода), а на помалите улици како Козара често се вршат ремонти на цевки исл.Во Капиштец има 2 такси станици,едната е кај стариот ТЦ Капиштец,а другата е пред ТЦ Беверли Хилс, а постои и уште една дива станица кај Заводот за Рехабилитација (пред влезот на самиот завод). Низ Капиштец поминува автобусот бр.57 (од Нерези до Радишани),поминува и 5,а на станицата Дом на печат може да се качите на автобусите 23 и 7а.
[уреди] Население и етнички состав на населението
Капиштец е населба со висококатни станбени згради кои ги има 40 на број со висина од 6,8,12 и 16 катови.
Во Капиштец живеат околу 12 100 луѓе од кои:
93,5% се Македонци
5,5% Срби (претежно во воените згради)
1% други.
Вработеноста е околу 95%,а населението е во доста добра економска состојба. Според образованието во Капиштец писменоста е околу 99,9%,а лица со високо образование (завршен факултет) бележат огромен пораст и процентот е околу 35,5% со тенденција да се зголеми поради младите луѓе од Капиштец кои задолжително по средното образование се запишуваат на факултетите.
Како високо урбанизирана населба,карактеристичен е гоелмиот број на младо население (околу 29-31%),но и на доста старо население (во воени згради).Исто така како и во цела Македонија така и во Капиштец е намалено раѓањето (наталитетот),но во споредба со други градови,села и населби во Македонија,Капиштец како урбанизирана населба има доста висок наталитет.
Како понова населба во Капиштец значајно е доселувањето на Македонци од сите краишта на Македонија во првите години од изградбата на населбата (1980-1985),а во поново време се забележува миграцијата (купување станови и доселување) на луѓе од други населби во Скопје.
[уреди] Историја на Капиштец
На местото на зградите на улица Козара и куќите по нив (кои се дел од Капиштец,напоменувам дека населба Водно почнува од ул.Елисие Поповски,после новата бела зграда,така што куќите подолу од улицата се дел од населба Капиштец) населено место постоело многу одамна,за што сеуште сведочат плочки и подови од куќи кај тополите и паркингот меѓу 2 блока згради на оваа улица (се мисли на зградите кај 511,Балила и тие од спротива кај Лингвалинк) кои биле срушени кога се граделе зградите.Најголем сведок е каналот (сега пресушен,без вода,полн со лисја и земја)низ кој течел јаз (поток) кон Центар (Зелено Пазарче) и се вливал во Вардар кај Маџир Маало (потокот е пресушен некаде 1956/57,односно во годините околу Скопскиот земјотрес).Се претпоставува дека тука се наоѓало селото Долно Водно,бидејќи селото Горно Водно се наоѓало кај училиштето Кочо Рацин и било раселено од таму 1955/56 кога таму се граделе резиденции за владини функционери,па бидејќи биле на зорт бркани луѓето од таму местото го завикале и Зорле.Поради поставеноста на теренот најверојатно Долно Водно било на местото кај овој поток и зградите што денес се наоѓаат овде.
Изградбата на населбата беше 1980-1985 година, односно Капиштец е релативно нова населба. Пред да се изградат зградите делот на Капиштец на ул. Народен фронт бил ливади и тука поминувала железничката пруга кон Ѓорче Петров и Охрид.
На местото на зградата на Бетон т.е. Министерство за економија била ложилницата каде се раѓало комунистичкото работничко движење против бугарскиот окупатор за време на втора светска војна од каде иизлегле голем број Македонци и Македонски партизани и борци за слобода.Таму работел и дејствувал народниот херој Владо Тасевски од Прилеп.(Пругата е дислоцирана по земјотресот).
Во изградбата на Капиштец во тоа време учествувале Македонските градежни претпријатија (Маврово,Бетон,Гранит,Пелагонија),а во поново време новите згради се градат од приватни инвеститори.
За дел од Капиштец во поново време се сметаат и новите згради кои се изградени на местото од куќите кај фабриката Треска,ова место е попознато (меѓу младите) како Нов Капиштец или Мал Капиштец. (овие куќи беа под К.О. Дебар Маало 2,но се префрлени под Капиштец)
[уреди] Потекло на името Капиштец
Името на Капиштец е поврзано со потокот кој течел низ него и Водно,па се претпоставува дека поради водите кои вечно капеле на ова место,месноста го добила името Капиштец,а подоцна тоа име било дадено на денешната населба.
[уреди] Важни,економски значајни и знаменити објекти
Освен големиот број станбени објекти во Капиштец се наоѓаат 2 трговски центри "Капиштец" и "Беверли Хилс" со голем број трговски дуќани и црквата Свети Јован на подножјето на Водно. Во состав на оваа убава Македонска црква Св.Јован е и Теолошкиот Факултет. Во Капиштец се наоѓаат уште и Заводот за вработување и Заводот за рехабилитација и ортопедскиот завод "Славеј",домот за деца без родители "11 Октомври",сервисот на фабриката Карпош идр. До 2004 година во Капиштец се наоѓаше едно од најелитните тениски игралишта КТК на чие место сега се градат неколку станбени згради.
[уреди] Познати личности кои живеат или живееле во Капиштец
Бранко Црвенковски - претстедател на Република Македонија
Васил Тупурковски - доктор на науки и политичар
Борис Стојменов - бизнисмен и политичар
Живко Поповски-Цветин - сликар
Радмила Шеќеринска - потпретседател на владата на Р.Македонија
Владимир Георгиевски - професор на Архитектонски факултет и сликар
Глигор Бишев - банкар
Светозар Јаневски - бизнсмен
Каролина Гочева - пејачка
Наум Петрески - пејач
Исто така во Капиштец живеат и голем број на доктори(поради близината на Медицинскиот Центар попознат како Државна Болница),универзитетски професори,бизнисмени,директори на компании и сл.
Скопски маала и населби | ![]() |
|
---|---|---|
Автокоманда | Аеродром | Бутел I | Бутел II | Влае | Водно | Волково | Гази Баба | Гоце Делчев | Дебар Маало | Дексион | Драчево | Ѓорче Петров | Жданец | Железара | Злокуќани | Илинден | Јане Сандански | Капиштец | Карпош I | Карпош II | Карпош III | Карпош IV | Кисела Вода | Кисела Јабука | Козле | Колонија Идризово | М.А. Ченто (Сингелиќ) | Маџари | Маџир Маало | Миладиновци | Момин Поток | Ново Лисиче | Пинтија | Пржино | Припор | Радишани | Скопје Север | Сопиште | Стајковци | Топанско Поле (Населба Васил Главинов) | Ќерамидница | Хиподром | Центар | Црниче | Чаир | Шуто Оризари |