Аристотел
Од Википедија, слободна енциклопедија
Аристотел (384 п.н.е., Стагира, Македонија – 7 март 322 п.н.е., Халкида) бил македонски старогрчки философ. Заедно со Платон, тој се смета за еден од најзабележителните мислители на само во античката, туку и во европската филозофија.
Во неговите многубројни дела се опфатени речиси сите области од филозофијата. Тој е творец на повеќе науки, како: логистика, псохологија итн. Напишал многу книги од интерес за логиката, физиката, поезијата, реториката, политиката, зоологијата и биологијата. Позначајни дела му се: „Органон“, „Физика“, „Метафизика“, „Никомахова етика“, „Политика“, „Реторика“, „Поетика“ и други.
Бил воспитувач и учител на Александар Македонски, потоа во Атина отворил своја школа наречена Ликеј. Со тоа тој и формално раскрстил со учењето на Платон, велејќи: „Пријател ми е Платон, но поголем пријател ми е вистината.“ За разлика од Платон, Аристотел одбивал да признае какво и да е наднебесно царство на идеите. Општото и поединечното се во единство. Тој забележал, ако идеите се совршени и најубави, што со таквите идеи како ѓубре и сл., а ако идеите се сосредоточеност на битието, што станува со негативните идеи, на пример, нечовекот? итн.
[уреди] Философијата на Аристотел
Аристотел ја определува филозофијата како наука за постојното како постојно (онтологија). Таа треба да го опише постојното независно од ваквите или онакви негови пројави, а потоа да го објасни.
За Аристотел сè што постои претставува единство на материја и форма. Меѓутоа, Аристотел апстрахира материја без форма или, како што тој ја вика прва материја. Таа е општ материјал од кој се гради сè. Кога првата материја на некој начин ќе се оформи тогаш се добива втора материја. Секоја втора материја (секое постојно), како единство на материја и форма, може да биде материја за некоја друга форма, на пример, глина за тула, тула за куќа, куќа за улица, улица за град итн. Колку е пооформена некоја ствар, таа има помалку материја, а повеќе форма. Чистата форма е без материја. Таа форма е всушност Бог, прв двигател, во исто време неподвижен двигател, зашто ако се движи не ќе биде прв, туку ќе има некој попрв од него кој ќе го движи што е противречно на прв двигател. Чистата форма е исполнета со некаква нематеријална содржина, имено со мисла која себеси се мисли. Аристотел смета дека познанието нужно почнува со сетилното восприемање, па преку претставување и искуство оди до научното познание. Меѓутоа, за да ја реши тешкотијата што се појави и кај мислителите пред Платон, имено онаа за единството на општото и поединечното, Аристотел направи скок: општото и нужно знаење, како што е научното, тој го става во врска со неподвижниот двигател (чистата форма, Бог) преку рационалната душа, која му е својствена само на човекот. А постои и растителна и анимална (животинска) душа, кои, за разлика од рационалната душа која е чисто духовна, се телесни, па зависат од состојбата на телото на растенијата и животните. За Аристотел слободниот човек наоѓа врвна потврда на себеси во политичката дејност каде се здобива со слава и признанија, а најдобра форма на политичко водство е политиката во која владеат најспособните и морално најиздигнати граѓани од средниот слој на населението.
[уреди] Надворешни врски
- Heresis Dea - Аристотел Македонски (македонски)