Архелај I
Од Википедија, слободна енциклопедија
Архелај I бил крал на Античка Македонија од 413 до 399 п.н.е кој стапил на тронот по смртта на неговиот татко, Пердика II. Мајка му на Архелај всушност била робинка, а Архелај успеал да дојде до тронот со тоа што го убил неговиот чичко, братучед и неговиот полубрат кој бил законски наследник, но се докажал како способен и полезен владетел кој од корен ја променил државната административна структура, војската и трговијата.
Кратко по неговото крунисување, Архелај бил соочен со ситуација која му дозволила тотално да ги промени односите на Македонија со Атина, кои представувале голема закана во последните 50-тина годни. Атињаните биле тешко поразени во Сиракуза при крајот на 413 год. и најголемит дел од нивните бродови биле уништени. Поради ова на атињаните очајно им требало огромно количество на дрво за нови бродови и така Архелај бил во состојба да ја постави цената. Потем тој великодушно ги снабдувал со сето дрво кое им требало. Како признание за ова, атињаните го почестиле Архелај и неговите деца со титулата,,Народен Проксенос и Евергет".
Потоа Архелај се зафатил за спроведување на многу внатрешни реформи. Издал големо количество на монети од одличен квалитет, изградил тврдини, направил прави патишта (од важност за мобилноста на војската) и ја подобрил организацијата на војската, особено коњицата и хоплитите.
Архелај исто така бил познат како човек од култура и создал посебни културно-уметнички врски со јужна Грција. Во неговото ново седиште Пела (кое го преместил од Ајга) тој почнал да ги прима големите поети, трагичари, вклучувајќи го и Еврипид (кој ги напишал неговите трагедии Архелај и Бахите за време на неговиот престој во Македонија), музичари, и сликари, вклучувајќи го и Зевкс (најславниот сликар во тоа време). Архелај исто така и го вовел празникот Олимпија, кој бил верски празник со атлетски натпревари во чест на Зевс и музите во Дион. Најголемите атлетичари и ументници биле собрани на едно место за овој настан.
Архелај бил убиен во 399 п.н.е во лов од страна на еден од неговите пажови. Можно е ова дело да било дел од заговор, иако ништо никогаш не се докажало. Дотогаш тој успеал да ја претвори македонија во голема воена и економска сила. Тукидид дури и има речено дека Архелај направил повеќе за Македонија отколку сите негови предходници заедно.
[уреди] Наворешни врски
![]() |
Кралеви на Античка Македонија |
Каран | Коин | Тирима | Пердика I | Аргеј I | Филип I | Аероп I | Алкет I | Аминта I | Александар I | Пердика II | Архелај I | Кратер | Орест | Архелај II | Аминта II | Павсаниј | Аминта III | Аргеј II | Аминта III | Александар II | Птоломеј I | Пердика III | Аминта IV | Филип II Македонски | Александар III Македонски | Антипатар | Филип III Аридеј | Александар IV | Пердика | Антипатар | Полиперхон | Касандар | Касандар | Филип IV | Александар V | Антипатар II | Деметриј I Полиоркет | Лизимах | Пир Епирски | Птоломеј II Керан | Мелегер | Антипатар II Етезиј | Состен | Антигон II Гонат | Деметриј II Етолик | Антигон III Досон | Филип V | Персеј |