Битка кај Херонеја
Од Википедија, слободна енциклопедија
|
||||||||||||||||||||||||||||||
|
Битката кај Херонеја (338 п.н.е), се одиграла близу Херонеја, во Беотија и била најголемата победа на Филип II Македонски. Таму Филип (со 32,000 војска) ги поразил помалите комбинирани сили на Атина и Теба, зацврстувајќи ја македонската хегемонија во Грција.
Битката се водела по класичните принципи на војување - фалангата на Атина и нејзиниот сојузник, Теба наспроти македонската фаланга на Филип. Атињаните биле на левото крило, а тебанците на десното (со важниот Свет батаљон) најдесно. Атињаните и тебанците биле сместени цо центарот на борбената линија. Кај македонцие пак, Филип го командувал десното крило, додека Александар го командувал левото - иако надгледуван од најдобрите команданти на кралот. Славните коњички придружници биле сместени позади македонската борбена линија.
Античките извори велат дека двете страни жестоко се бореле долго време. Филип намерно ги повлекол неговите трупи на десното крило за да ги пробие грчките линии. Александар бил прв што ги разбил тебанските линии, проследен од храбар батаљон (веројатно роднини и пријатели); откако го видел ова, Филип се заложил да нападне со сет бес, а атињаните - страствени, но неувежбани - неможеле да им се спротистават на македонските ветерани. Со повлекувањето на атињаните, тебанците останале да се борат сами и биле поразени. Од славните 300 членови на Светиот тебански батаљон, 254 загинале, додека 46 биле ранети и заробени.
[уреди] Ефект
Грчките полиси биле поразени и потпаднале под македонска власт.