Борис Вишински
Од Википедија, слободна енциклопедија
Борис Вишински e раскажувач, романсиер и драмски автор. Роден е на 6 јуни 1929 во Скопје. Завршил Правен факултет во Скопје. Бил уредник на списанијата „Културен живот“ и „Македонска ревија“. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1958 година. Неговите дела се преведени на повеќе јазици.
[уреди] Литературно творештво
- Сенки и жед (роман, 1958)
- Девојка (драма, 1962)
- Виножито (роман, 1972)
- Древни брегови (раскази, 1975)
- Лавина (роман, 1978)
- Рацин (драма, 1979)
- Клисура (роман, 1983)
- Барбара (раскази, 1983)
- Тесно море (роман, 1986)
- Круна од песок (роман, 1992)
- Кожа од облаци (роман, 1993)
- Крстот на Богомил (роман, 1994)
[уреди] Награди
Добитник е на наградите: „Кочо Рацин“, „4 Јули“, „13 Ноември“, „Стале Попов“, „Петрозино“, „Михаил Еминеску“, „Марио Рестиво“, „Јозефин“ и „Данте Алегиери“ за литературнен опус на странски автор во Италија.