Категорија:Македонски писатели
Од Википедија, слободна енциклопедија
д-р Манев Методи
Роден е на 25 јануари 1953 година во с. Амзабегово, Светиниколско во работничко семејство. Завршив Филолошки факултет, група Историја на книжевностите на СФРЈ со македонски јазик.На истиот факултет магистрирал на темата " Митолошките елементи во прозата на Славко Јаневски", а подоцна и докторирал на тема: "Поезијата и поетиката на Арсени Јовков".
Има работено како професор по Македонски јазик и литература во Пробиштип и Свети Николе, бил носител, главно професионално, на повеќе јавни функции, а 15 години бил директор во Домот на културата во Свети Николе. При тоа активно учествувал во реализацијата на над 1000 програмски содржини- голем дел од нив со национални и меѓѓународни димензии и вредности. Бил претседател на Заедницата на Домовите на културата на Република Македонија.
Го основал и раководтел над 10 години Младинското драмско студио "Глорија" во Свети Николе со кое реализал повеќе театарски и филмски проекти, дел од нив и со меѓународен карактер.
Член е на Друштвото на писателите на Македонија.
Член е на Претседателсдтвото на ДПМ. Неговите дела се преведувани на повеќе светски и словенски јазици. Самиот преведува од сите словенски јазици.
Член е на Македонското друштво за наука во Битола, Македонското научно друштво во Скопје, а е основач претседател на Друштвото за наука, уметност и културна иницијатива во Свети Николе.
Член е на Издавачкиот совет на списанието Книжевна академија и уредник во списанијата Современост и Стожер.
Добитник е на наградата "14 Септември" на градот Свети Николе за особени достигања во областа на културата. Добитник е на Меѓународната книжевна награда "Магично перо 2005", Белград, 2005 г. Добитник е на повеќе награди за објавени книги, филмови и стручни трудови во земјава и странство.
Активно познава повеќе словенски јазици (руски,украински,чешки и др., а се служи со англискиот јазик. Работи со компјутери, користи интернет и се бави со електронско издаваштво.
Автор е на дваесет и пет монографски трудови од областа на книжевноста, книжевна критика и наука, а коавтор сум на четири моно-графски трудови. Има објавено над стотина статии од областа на книжевната наука, критика и општествена мисла. Учествувал на повеќе научни симпозиуми и трибини во Македонија и во странство (Словенија, Србија, Украина - на два пати). За книгата песни "Берачи на yвезди" 1998 година ја добил наградата "Нарциса" на Поткозјачките средби во Куманово. Во континуитет, над три децении, е присутен во македонската книжевна периодика.
Во почетокот на 2003 година одбележал триесет години од своето творештво за што Домот на културата и Локалната самоуправа во Свети Николе организираа трибина за моето творештво и од истата е издаден зборник на трудови.
Во македонската книжевна наука прв ја имам осознаено и приближено, преку објавување на студија, поезијата на Никола Јонков Вапцаров.
Во мојот книжевно - критички ангажман посебно внимание завземаат современите македонски автори за деца ( Горјан Петрески, Томе Асовски, Васил Тоциновски, Милуин Бебековски, Радован П. Цветковски, Македонка Јанчовска и др.)
Има учествувано на повеќе семинари, зимпозиуми и трибини од областана книжевната наука од кои ги издвојувам:
- Култура, савременост, синдикати, Титово Велење, 1989;
- Македонската култура и литература, Киев, 1995;
- Научниот собир "Арсени Јовков - живот и дело", Луково 16 и 17 октомври 1999 г. со трудот "Историската димензија на романот 'Илинден' од Арсени Јовков";
- Животт и делото на Војдан Чернодрински
- Научен симпозиум посветен на делото на Томе Саздов
-
Преведувал од сите словенски јазици. Ги преведувал Шевченко и Лесја Украинка од украински, Бертолд Брехт од германски, повеќе современи српски, словенечки и бугарски автори.
Освен со книжевна се бави и со филмска дејност. Неговите алтер-нативни филмови се добитници на повеќе државни и меѓународни награди, а се бави и со театарска режија. Забележително е и неговото публицистичко и новинарско творештво.
Живее во Свети Николе.
Адреса:
В. Влаховиќ 32/1
Телефони:
032 441 429 и 071 226 041
E-mail: manev@sonet.com.mk
metom@freemail.com.mk
С П И С О К
на објавени монографски научни и стручни трудови
Монографски публикации
1. Ерxелија, монографија, МЗ Ерџелија,1981;
2. Кукулино - центар на Светот, книжевна студија, ДК "Крсте Мисирков", Свети Николе, 1999;
3. Книжевни студии и критики, ДНУКИ, Свети Николе, 2001;
4. 30 години Фолклорен ансамбл "Јанко Глигоров, Свети Николе, монографија, Свети Николе, 2003;
5. Поезијата на Ацо Шопов, Феникс, Скопје, 2003;
6. Домовите на културата во остварувањето на културната политика во Република Македонија, ДНУКИ, 2005.
II. Други трудови- дела од Методи Манев (белтристика, преводи и сл.)
Монографски трудови
1. Антидневник, роман, прво издание, Студентски Збор, Скопје,1982;
2. Антидневник, роман, второ издание, Студентски Збор, Скопје,1983;
3. Сираче/ Siroce, роман, двојазично издание, Сараево, 1985;
4. Да се убие подбивната птица, роман, Наша книга, Скопје,1989;
5. Судбината на поетот, поезија, Свети Николе, 1995;
6. Последното цвеќе на есента, збирка раскази, Дом на културата "Крсте Мисирков", Свети Николе,1997;
7. Боенка, Свети Николе, 1997;
8. Берачи на yвезди, поезија( награда "Нарциса"), Поткозјачки поетски средби, Куманово, 1998;
9. Кукулино - центар на Светот, книжевна студија, ДК "Крсте Мисирков", Свети Николе, 1999;
10. Сината патека на љубовта, роман, ДНУКИ, Свети Николе, 2000;
11. Матуранти, комедија, ДНУКИ, Свети Николе, 2000;
12. Кој тропа на мојата врата, драма, ДНУКИ, Свети Николе, 2001;
13. Детството на дланка, поезија, ДНУКИ, Свети Николе, 2002;
14. Бела смрт- White death, драма, ДНУКИ, Свети Николе, 2002;
15. Корени на животот, корени на смртта, роман,(електронско издание), сп. Критика, Београд, 29.01, 2003;
16. Корени на животот, корени на смртта, роман, ДНУКИ, Свети Николе, 2003;
17. 30 години Фолклорен ансамбл "Јанко Глигоров"- Свети Николе, ДК "Крсте Мисирков"- Свети Николе, 2003;
18. Корени на животот, корени на смртта,второ издание, роман, ДНУКИ, Свети Николе, 2003;
19. Корени на животот, корени на смртта, трето издание, роман, ДНУКИ, Свети Николе, 2004;
20. Корени живота, корени смрти, издавач ЕСТАРТ, Београд, 2005;
21. Време на смртната љубов, роман, 2006
22. Кога цутеа јоргованите, драма, 2006
Коавторства:
1. Распеана младост, алманах, Литературен клуб КО-РА, Скопје, 1975;
2. Копнеж, алманах, ДК "Крсте Мисирков", Свети Николе, 1990;
3. Заробенции на зборот, алманах, ДК "Крсте Мисирков", Свети Николе, 1991;
4. Неисплакани, алманах, ДК "Крсте Мисирков", Свети Николе, 1992;
Позначајни преводи:
1. Нина Мазур, Современиот авангарден театар во Украина, сп. СУМ, лето 95, Штип;
2. Лесја Украинка: Ѕвездено небо, Без наслов, Последната песна на Марија Стјуарт, Нова Македонија;
3. Лесја Украинка, Пев ( во Стожер)
4. Бертолд Брехт, Заскитаната старица, сп. СУМ, зима 97/98, Штип
5. Леон Даниел, "Дијалектичкиот театар на Брехт", сп. СУМ, зима 97/98,Штип
6. Евтим Евтимов, поезија, Современост, бр. 1, 2004;
7. Елисавета Касабова, Совремност, бр. 1, 2004;
III. За Методи Манев
Монографски труд за Методи Манев
1. Методи Манев - 30 години творештво, Зборник на трудови од Трибината одржана на 27 март 2003 г., ДК Свети Николе, 2004;
Изведувани драмски текстови
1. Ние сме кока кола генерација,МДС" Глроија" Свети Николе, 1995;
2. Кој тропа на мојата врата, МДС" Глорија", Свети Николе, 1998,МДС Виница, 2002;
3. Матуранти, "Камчиња" М.Каменица, 1999; МДС Злетово, 2002;
4. Адолесценти, МДС "Глорија", Свети Николе, 2000;
5. Итар Пејо и Настрадин Оxа повторно меѓу живите, МДС"Глорија", Свети Николе, 2001;
6. Стојанче и Тахир, Македонско- ромски уличен театар, Свети нИколе, 2002;
7. Бела смрт, Младински културен форум, Свети Николе, 2002;
8. Кога цуеа јоргованите, ДК Свети Николе, 2004;
ТВ драми:
1. Кој тропа на мојата врата, МТВ, 1999;
2. Адоелсценти, МТВ, 2000.
3. Кога цутеа јоргованите, МТВ 2005;
Алтерантивини филмови
1. Згаснатаа yвезда на пролетта, 1992 г. ( Трета награда на Државниот фестивал во Струмица и награда за најдобра женска улога), Филмско студио "Еделвајс" при ДК "Крсте Мисирков" од Свети Николе;
2. Петко, 1993;Филмско студио "Еделвајс" при ДК "Крсте Мисирков" од Свети Николе;
3. Квазимодо, 1993( Гран при на Државниот фестивал во Свети Николе, награда за најдобро сценарио, најдобра машка и женска улога, за рафиниран филмски израз, учесник на Светскиот фестивал на аматерски филм во Холандија, 1996); Филмско студио "Еделвајс" при ДК "Крсте Мисирков" од Свети Николе;
4. Во април кога спијат ластовиците, 1994 (Прва награда на Државниот фестивал во Неготино, златна плакета за најдобро сценарио); Филмско студио "Еделвајс" при ДК "Крсте Мисирков" од Свети Николе;
5. Не тропај на мојата врата, 1995;Филмско студио "Еделвајс" при ДК "Крсте Мисирков" од Свети Николе;
6. Копнежот наречен мајка, 1996( Втора награда на Државниот фестивал во Берово, награда за најдобра женска улога, учесник на ЖИСЕЛ во СРЈ и добитник на Златен сончоглед за најдобра монтажа); Филмско студио "Еделвајс" при ДК "Крсте Мисирков" од Свети Николе;
7. Невестински полевак, 1997( учесник на ЖИСЕЛ- Златен сончоглед за најдобра монтажа, специјална награда за фолклорни мотиви);Филмско студио "Еделвајс" при ДК "Крсте Мисирков" од Свети Николе;
ТВ филм
1. Сината патека на љубовта( 61 мин.),Филмско студио "Еделвајс", 1992;
ТВ Документарни емисии од областа на фолклористиката и митологијата
1. Со гајдата на Дедо Ангел, 60 мин. Независна продукција, 1998;
2. Бериќет,( Невестински полевак и Земјоделска нова година (60 мин),ТВ Свет, 2001;
3. Говедар камен, ТВ Свет, 2002;
4. Гајдата на Дедо Ангел, ТВ Свет, 2002;
5. Мистеријата на Ѓаволскиот Ѕид, ТВ Свет, 2003;
6. Тодорица - традиција и фолклор, ТВ Свет, 2004;
Преземено од "http://mk.wikipedia.org/wiki/Metodi_Manev"
Статии во категоријата „Македонски писатели“
Постојат 142 статии во оваа категорија.