Бранко Црвенковски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Бранко Црвенковски е третиот и моментален претседател на Република Македонија.
Роден е на 12 октомври, 1962 во Сараево, Босна и Херцеговина. Во 1990 година, на првите повеќепартиски избори во Македонија, која се уште се наоѓаше во рамки на Југославија, избран e за пратеник во првиот состав на Собранието. Во април 1991 година Црвенковски е избран за претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. На 5 септември 1992, тој станува вториот премиер на Република Македонија по нејзиното одделување од Југославија. Со 29 години, тој е најмладиот премиер во Европа во тој период. Вториот премиерски мандат (за уште 4 години) го добива по изборите во декември 1994.
Од 1998 до 2002 година е лидер на опозицијата во Македонското собрание, по што во 2002 повторно застанува на премиерската позиција, откако коалицијата предводена од СДСМ победува на парламентарните избори. На таа позиција останува до април 2004 кога победува на предвремените претседателски избори, одржани поради смртта на Борис Трајковски.
На 12 мај 2004 станува претседател и се повлекува од премиерската положба и претседателската функција во партијата.

Претходник: Борис Трајковски |
Претседател на Република Македонија 2004–- |
Наследник: непознат |
Претходник: Никола Кљусев |
Премиер на Република Македонија 1992–1998 |
Наследник: Љубчо Георгиевски |
Претходник: Љубчо Георгиевски |
Премиер на Република Македонија 2002–2004 |
Наследник: Радмила Шеќеринска |
[уреди] Надворешни врски
Официјален вебсајт на претседателот на РМ
![]() |
Претседатели на Република Македонија |
Методија Андонов - Ченто¹ | Киро Глигоров | Борис Трајковски | Бранко Црвенковски |
|
1. Претседател на Демократска Федерална Македонија |
![]() |
Премиери на Република Македонија |
Никола Кљусев | Бранко Црвенковски | Љубчо Георгиевски | Бранко Црвенковски | Радмила Шекеринска (вршител) | Хари Костов | Радмила Шекеринска (вршител) | Владо Бучковски | Никола Груевски |