Бранч
Од Википедија, слободна енциклопедија
![]() |
Овие статии се дел од серијалот Оброци |
Општопознати оброци... |
Појадок |
Втор појадок |
Илевенсез |
Бранч |
Тифин |
Мал ручек |
Чај |
Ручек |
Вечера |
Десерт |
Ужина |
Видете исто така... |
Кујна | Кујни |
Бранч (brunch) е оброк кој се јаде во доцна изутрина, помеѓу појадокот и малиот ручек, како замена за двата оброка. Истиот се јаде кога некој станува предоцна за појадок или како посебно планиран оброк. Изразот е портманто од англиските зборови breakfast и lunch|lunch. Бранчот може да се служи по некое утринско, или пред некое пладневно збиднување, како свадба или спортски настан. Обично бранчот е поопуштен оброк од појадокот или малиот ручек и затоа се сметаа соодветен за помали прослави.
Некои ресторани и хотели служат бранч, особено за викенди и празници. Таквите бранчови обично се со шведска маса, но и мени-јадења можат да се нарачаат наместо или заедно со шведската маса. Оброкот се состои од стандардни појадочни јадења како јајца, палачинки, виршли, сланина, шунка, овошје, пецива и слично. Меѓутоа, истиот може да се состои и од било која друга храна. Шведските маси може да имаат големи печења од месо или живина, ладни морски плодови како морски ракчиња и чадена риба, салати, супи и чорби, зеленчукови јадења, многу видови на пецива и најразлични десерти.
Бранчот дим сум е популарен оброк во кинеските ресторани ширум светот. Се состои од голем избор на полнети бао (земички), кнедли и други солени или слатки јадења кои можат да бидат парени, длабоко пржени или печени. Гостите си ги бираат јадењата од количките кои поминуваат, а кујната константно прави и служи свежи јадења.