Брајковци
Од Википедија, слободна енциклопедија
Брајковци е село во Општина Валандово, во околината на градот Валандово.
Села во Република Македонија | |
---|---|
Мапа | |
Име: | Брајковци |
Општина: | Општина Валандово |
Население: | 424 жители |
Поштенски број: | - |
Повикувачки број: | - |
Надморска височина: | 110 метри |
Географска широчина: | - |
Географска должина: | - |
Веб страница: | Нема |
Содржина |
[уреди] Географиja и местоположба
Брајковци е сместено во средишниот дел на плодното поле на подрачјето на Општина Валандово. Селото е рамничарско и лежи на надморска височина од 110 метри, а од Валандово е оддалечено 6 киломтри. Атарот на Брајковци зафаќа површина од 6 km².
[уреди] Историja
[уреди] Економија
Според застапеноста во атарот обработливото земјиште зафаќа површина од 252,6 ha, шумите зафаќаат површина од 262,3 ha, a на пасииштата отпаѓаат 39,5 ha. Сепак главната стопанска егизстенцијална дејност на населението е полјоделството. Од земјоделските култури најмногу се одглефува пченица, бостан, тутун, киви, обични и јапонски јаболки и др. Во селото работат и две продавници.
[уреди] Демографија
Брајковци е едно од ретките македонски села што и покрај уништувачкиот миграционен бран село- град, бележи пораст во бројот на своите жители. Во Брајковци во 1961 годин живееле 366 жители, а денес бројот е зголемен на 424 жители од кои 403 се Македонци и 21 жител се Срби.
[уреди] Општествени институции
Во селото работи основно училиште до IV одделение.