Бремен (покраина)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Знаме | |
---|---|
![]() |
|
Статистика | |
Главен град: | Бремен |
Површина: | 405 km² |
Жители: | 662,451 (2004) |
Густина на насел.: | 1,636 луѓе на km² |
Веб-сајт: | bremen.de |
ISO 3166-2: | DE-HB |
Политика | |
Претседател на Сенатот и Мајор: |
Јенс Борнсен (СДП) |
Владеачка партија: | СДП/ХДУ коалиција |
Мапа | |
![]() |
Слободниот Ханзаски Град Бремен (официјално германско име Freie Hansestadt Bremen) е најмалата од шеснаесетте сојузни држави на Германија (Bundesländer).
Содржина |
[уреди] Географија
Сојузната држава Бремен се состои од две одделени енклави: градот Бремен, кој е и главен град, и Бремерхафен. Двете енклави се лоцирани на реката Везер; Бремерхафен е пристаниште на Северното Море (името значи ,,Пристаништето на Бремен"). И двата града се опколени од соседната држава Долна Саксонија (Niedersachsen). Двата града се единствените административни подподелби од кои е составена државата.
[уреди] Историја
Градот Бремен, член на Ханзаската Лига, постана империјален слободен град на Светата Римска Империја, а потоа држава, во 1646. По уништувањето на државата од Наполеон, во 1815 година, градот станал независна држава и истовремено член на Германската Конфедерација и Северногерманската Конфедерација. Неколку региони, вклучувајќи ја и областа на која ќе се изгради градот Бремерхафен, биле дел од Хановер во 1827 година. Во 1871 Бремен се придружува кон Германската Империја.
Додека Хановер бил под британска контрола по крајот на Втората Светска војна во 1945, Бремен бил ставен под контрола на САД, бидејќи на окупационата зона на САД и бил потребен пристап до океанот. Како резултат на ова, Бремен го задржал своето државништво, иако другите помали држави биле споени со поголеми.
Во 1905 година, Бремен имал површина од 256 km², и население од 263,000. Во 1939, бројот на населението изнесувал 450,000
[уреди] Политика
Bürgerschaft-от (градското собрание) избира двајца мајори на градот (Bürgermeister). Еден од овие мајори е избран од сенатот како претседател на сенатот (Senatspräsident) и како резултат на тоа тој е глава на Слободниот Ханзаски Град Бремен.
[уреди] Избори од 25 мај, 2003
Д-р Хенинг Шерф (СДП) е Мајор и претседател на сенатот во големата коалиција на СДП-ХДУ.
Партија | Гласови за партијата | Процент на гласовите | Вкупно места | Процент на местата |
---|---|---|---|---|
Социјална Демократска Партија (СоцДП) | 123,480 | 42.3% (-0,2) | 40 (-7) | 48.2% |
Христијанско-Демократска Унија (ХДУ) | 86,819 | 29.8% (-7,2) | 29 (-13) | 34.9% |
Алијанса '90/Зелените | 37,350 | 12.8% (+3,8) | 12 (+2) | 14.5% |
Слободна Демократска Партија (СДП) | 12,294 | 4.2% (+1,7) | 1 (+1) | 1.2% |
Германска Унија на Народот (ГУН) | 6,642 | 2.3% (-0,7) | 1 (=) | 1.2% |
Спротивставена Партија на Законот и Редот | 12,876 | 4.3% (+4,3) | 0 (=) | 0.0% |
Партија за Демократски Социјализам (ПДС) | 4,885 | 1.7% (-1,2) | 0 (=) | 0.0% |
Сите Други | 7420 | 2.6% (-0,5) | 0 (=) | 0.0% |
Вкупно | 291,766 | 100.0% | 83 (-17) | 100.0% |
[уреди] Видете исто така
- Поранешни земји во Европа по 1815
[уреди] Надворешни врски
- Официјален веб-сајт на Бремен
- Официјален портал на владата
- Уставот на сојузната држава, на германски
|
|||
Баварија | Баден-Виртемберг | Берлин | Бранденбург | Бремен | Долна Саксонија | Мекленбург-Западна Померанија | Северна Рајна-Вестфалија | Рајнска област-Пфалц | Саксонија | Саксонија-Анхалт | Сар | Тирингија | Хамбург | Хесен | Шлезвиг-Холштајн |