Баден-Виртемберг
Од Википедија, слободна енциклопедија
Знаме | |
---|---|
Грб | |
Главен град: | Штутгарт |
Површина: | 35,751.65 km² |
Жители: | 10,718,327 (2005-03-31) |
густина на насел.: | 300/km² |
Веб-сајт: | http://www.baden-wuerttemberg.de/ |
ISO 3166-2: | DE-BW |
Политика | |
Премиер: | Гунтер Етингер (ХДУ) |
Владејачка партија: | ХДУ/ФДП коалиција |
Мапа | |
Баден-Виртемберг (на германски: Baden-Württemberg) е сојузна покраина (држава) во југозападна Германија, источно од горниот тек на реката Рајна. Таа е третата најголема сојузна држава (по површина и по население) од вкупно шеснаесетте држави, со површина од 35,742 km² и 10,7 милиони жители. Главен град е Штутгарт.
Содржина |
[уреди] Географија
Државата граничи со Швајцарија на југ, со Франција на запад и со германските сојузни држави Пфалц, Хесен и Баварија.
Поголеми градови во Баден-Виртемберг се Штутгарт, Манхајм, Карлсруе, Фрајбург, Хајделберг, Хајлброн, Лудвигсбург, Улм, Тубинген, Пфорцхајм и Ројтлинген.
Реката Рајна ги образува западната, како и поголеми делови од јужната граница. Шварцвалд (герм. Црна Шума) е главниот планински венец на државата, кој започнува од исток од долината на Рајна. Баден-Виртемберг ги дели Боденското Езеро и ограноците од Алпите со Швајцарија.
Дунав извира од Баден-Виртемберг, во близина на градот Донауешинген, кај месноста Фуртванген на Шварцвалд.
[уреди] Административна поделба
Баден-Виртемберг е поделен на 35 региони, групирани во четири административни области: Фрајбург, Карлсруе, Штутгарт и Тубинген.
|
|
|
Исто така постојат и девет независни градови кои не припаѓаат на ниту една област:
[уреди] Историја
Сојузната покраина се состои од историските држави Баден, Хохенцолерн и Виртемберг.
По Втората Светска војна, сојузниците воспоставиле три држави: Виртемберг-Баден (окупиран од САД), Виртемберг-Хохенцолерн (Франција) и Баден (Франција). Во 1952 година, овие држави се спојуваат со што ја формираат денешната Баден-Виртемберг; Конституцијата од 1949 содржела специјална клауза (Член 118) која го овозможила спојувањето на државите.
[уреди] Политика
[уреди] Листа на премиери на Баден-Виртемберг
- 1952 - 1953: Рејнхолд Мајер (СДГ/ГВП)
- 1953 - 1958: Гебхард Милер (ХДУ)
- 1958 - 1966: Курт Георг Кисинџер (ХДУ)
- 1966 - 1978: Ханс Карл Филбингер (ХДУ)
- 1978 - 1991: Лотар Шпет (ХДУ)
- 1991 - 2005: Ервин Тојфел (ХДУ)
- од 2005: Гунтер Етингер (ХДУ)
[уреди] Надворешни врски
|
|||
Баварија | Баден-Виртемберг | Берлин | Бранденбург | Бремен | Долна Саксонија | Мекленбург-Западна Померанија | Северна Рајна-Вестфалија | Рајнска област-Пфалц | Саксонија | Саксонија-Анхалт | Сар | Тирингија | Хамбург | Хесен | Шлезвиг-Холштајн |