Венко Марковски
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Венко Марковски | |
---|---|
македонски писател
|
|
Роден | 15 март, 1915 Скопје, Република Македонија |
Починал | 7 јануари, 1988 Софија, Бугарија |
Венко Марковски (односно Вениамин Миланов Тошев) (Скопје, 15 март 1915 - Софија, 7 јануари 1988) е македонски и бугарски поет, драмски писател и еден од основоположниците на современата македонска литература.
Содржина |
[уреди] Биографиja
Марковски е роден во Скопје на 15 март 1915 година. Гимназија завршил во Скопје, а словенска филологија студирал во Софија. Бил член на Македонската литературна група основана во Скопје (1931) и на Македонскиот литературен кружок (1938-1941). Бил во затвор во Гонда Вода и Ениќоj (1941-1942). Учесник во НОБ, член на Главниот штаб на НОВ и ПОЈ, член на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и делегат на заседанието. Во периодот 1944-1945 активно учествува во работата на трите комисии за нострификација на македонскиот литературен јазик. Буквата "Ъ" (ер-голем), за коjа тој се бори да биде дел од македонската азбука не се одобрува од ЦК на КПЈ.
Во 1948 година ја поддржува Резолуцијата на Информбирото. Во конфликтот со Тито и е затворен во Идризово, а фамилиjата му е интернирана во Кичево.
Во 1956 година, под името Вениамин Миланов Тошев, е осуден на петгодишна робија на Голи Оток за поемата „Сувремени парадокси“, а во 1965 година оди на лекување и останува во Бугарија. Во 1968 г. син му Миле Марковски и неговата фамилиjа се протерани од Македониjа во Бугариjа.
Во Бугариjа Венко Марковски е примен за пратеник во Народното собрание, за член на Соjузот на бугарските писатели, за член на Акадамиjата на науките. Има награди: "Херој на Бугариjа", "Херој на социјалистичкиот труд", "Георги Димитров" и др.
Заради творештвото на бугарски jазик е прогласен од Титова Jугославиjа за предавник на македонскиот народ. По 1975 г. е обезбедуван од бугарските тајни служби, бидејќи имало информација, дека му е загрозен животот од УДБ-а.
Во интервју за Бугарската Телевизија во 1986 г., Марковски изјави дека македонскиот народ не постои, дека не постои ни македонскиот јазик, што инаку тој го создал по директива на Бугарската комунистичка партија, која била под силно влијание на Коминтерната.
[уреди] Творештво
Во "Народни бигори" и "Огинот", песните на Марковски се под влијание на народната песна и по карактер се љубовни песни, испреплетени со национално-ослободителни мотиви и национално-ослободителни песни. Подоцна, Марковски потпадна под силно влијание на социјалистичкиот реализам и во социјал-реалистички стил пишуваше пофални песни, посветени на Тито, додека беше на македонска страна, и некои песни, посветени на Бугарската комунистичка партија, кога премина на бугарска страна. Освен тие, напишал историските книги "Преданија заветни" (историјата на Бугарија и Македонија во стихови), "Крвта вода не станува" и др. Преданијата се издадени и на руски јазик во Москва (1981 г.)
[уреди] На македонски јазик
[уреди] Во Бугарија
- "Народни бигори" (1938 г., издадена во Софија)
- "Огиноть" (1938 г., издадена во Софија)
- "Илиндень" (1940 г., издадена во Софија)
- "Луня" (1940 г., издадена во Софија)
[уреди] Во Македониjа
- "Елегии"
- "Гоце"
- "Чудна е Македонија",
- "Гламји"
- "Климе",
- "Над пламнати бездни"
- "Сказна за резбарот".
[уреди] На бугарски jaзик
- "Орлицата" (1941 г.)
- "Истината е жестока" (1968 г.)
- "Легенда за Гоце" (драма, изведена во Народниот театар "Иван Вазов")
- "Крвта вода не станува" (1971 г., 1981 г., 2001 г. - одговор на книгата "Историjа на македонскиот народ") и др.
- "Преданиjа заветни" (1979 г.), ,
- сонетните венци "Бунтовни воштеници", "Вековни врволици" и "Судбовни маченици",
- "Голи оток - островот на смртта" (1984 г., англ.jазик, издадена во Америка)
[уреди] Надворешни линкови
- „Огинот“
- книгата "Крвта вода не станува"
- Биографија на Марковски на ДПМ
- Покаянието "Крвта вода не станува", доц. Пламен Павлов, историчар, предговор од книгата на Венко Марковски
- Античко-македонската свест кај македонците од 20 век, Александар Донски, Македонско Сонце, Сведоштва
- 25 мај 1954 - праизведба на првата македонска опера „Гоце“, либрето Венко Марковски
- Македонски Фауст, Младен Србиновски
- Венко е парадигма за фаустизмот, Младен Србиновски, Нова Македониjа, Броj 526, Сабота 07.08.99
- Спомени за дедо ми, Вени Марковски (бугарски)
- Идеята за езика в македонския литературен кръжок - естетически и идеологически аспекти, Юлия Митева, (бугарски)
- Писмо до Ацо Алексиев, Атанас Вангелов