Вилает
Од Википедија, слободна енциклопедија
Вилает е турски збор и може да се преведе со провинција. Управителот на вилаетот се викал валија и имал ранг на паша, што е еднакво на генерал во војската.
Во Европска Турција имало шест вилаети: два на запад, населени претежно со Албанци: Јанина и Скадар, еден на исток: Едрене и три во Македонија: Солун, Битола и Скопје. Цариград претставувал одделен округ.
Еден голем вилает бил поделен на два или три санџаци, чиј управител се нарекувал мутесариф, кој исто така има ранг на паша. Помала единица од санџакот е каза, управувана од кајмакам, кој има ранг на бег и е еднаков на полковник во војската. Најмала територијална единица е нахија, управувана од мудир.