Влада Урошевиќ
Од Википедија, слободна енциклопедија
Влада Урошевиќ е поет, раскажувач, романсиер, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач.
Роден е во Скопје во 1934 година. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Докторирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје во 1987 година. Работел како соработник и уредник на Редакцијата за култура и уметност на Телевизија Скопје. Во 1982 година е избран за доцент на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, на кој од 1988 година е редовен професор. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Дописен член на меѓународната „Академија Маларме“ во Париз и редовен член на Европската поетска академија со седиште во Луксембург. Член на МАНУ. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1961 година.
Добитник е на наградите: „Браќа Миладиновци“ (1967, 1973 и 1986), „Григор Прличев“ (1974 и 1989), „Рациново признание“, „Кирил Пејчиновиќ - Тетоец“ и на „Младост“ и „Нолит“.
[уреди] Литературно творештво
- Еден друг град (поезија, 1959)
- Невиделица (поезија, 1962)
- Вкусот на праските (роман, 1965)
- Манекен во пејзажот (поезија, 1967)
- Летен дожд (поезија, 1967)
- Знаци (раскази, 1969)
- Врсници (критики и есеи, 1971)
- Ноќниот пајтон (раскази, 1972)
- Ѕвездена терезија (поезија, 1973)
- Нуркачко ѕвоно (поезија, 1975)
- Сонувачот и празнината (поезија, 1979)
- Мрежа за неуловливото (критики и есеи, 1980)
- Лов на еднорози (раскази, 1983)
- Компасот на сонот (поезија, 1984)
- Нишката на Аријадна (критики и есеи, 1985)
- Хипнополис (поезија, 1986)
- Подземна палата (есеи, 1987)
- Демони и галаксии (студија, 1988)
- Панична планета (поезија, 1989)
- Алдебаран (записи и патописи, 1991)
- Митската оска на светот (критики и есеи, 1993)
- Ризиците на занаетот (поезија, 1993)
- Мојата роднина Емилија (роман, 1994)
- Паники (поезија, 1995)
- Дворскиот поет во апарат за летање (роман, 1996)
- Париски приказни (записи и патописи, 1997)
- Астролаб (критики и есеи, 2000)
- Дива лига (роман, 2000)
Составувач е на антологиите:
- Црниот бик на летото (1963)
- Француска поезија - ХХ век (1972)
- Црна кула (1976)
- Современа македонска поезија (на српскохрватски, 1978)
- Космос в амбар (на холандски јазик, 1980)
- Кула (на узбечки јазик, 1981)