Владимир Костов
Од Википедија, слободна енциклопедија
Владимир Костов е писател на кратка проза и романи, писател за деца и млади. Роден е во 1932 година а негово родно место е Битола. Основно и средно образование завршува во Битола по што се запишува на Филозофскиот факултет во Скопје и дипломира на истиот. Работел како професор на Универзитетот во Битола на отсекот педагошка академија. Еден е од основачите, главните уредници и членови на Издавачкиот совет на литературното списание „Развиток“ од Битола.
[уреди] Дела
- Лица со маски (роман, 1967)
- Свадбата на Мара (роман, 1968)
- Игра (кратки раскази, 1969)
- Нов ум (роман, 1970)
- Ах, бре (кратки раскази, 1970)
- Учителот (роман, 1976)
- Каде си тргнал, сине (роман за млади, 1982)
- Шумата ечеше (сказна, 1982)
- Црквичето Четириесет маченици во Битола (роман, 1984)
- Вујко (роман, 1984)
- Грешниот Захарие (новели, 1986)
- Тестамент (кратки раскази за млади)
- Чума (новели, 1989)
- Клетва (роман, 1989)
- Последното целивание (роман, 1992)
- Тој ми кажа (роман за млади, 1992)
- Келешот (новели)
- Грешка (краток роман, 1992)
- Битолски триод (роман, 1994)
- Сениште во град Битола (роман, 1994)
- Маргарит (кратки раскази, 1996)
- Солза за Мите (роман за млади, 1997)
- Строгата школа на животот (кратки раскази за деца и младинци, 1998)
- Битолска хроника – семејна трагедија (два кратки романи, 1998)
- Тане (роман, 2000).
Неговите романи „Свадбата на Мара“, „Црквичето Четириесет маченици во Битола” и неговата новела „Захарие грешникот“ се поставени на театарската сцена во Битола.
[уреди] Освоени награди:
„4ти ноември“ на градот Битола, „11ти октомври“, „1ви мај“, „Рациново признание“, „Ванчо Николески“.