Вотергејтска афера
Од Википедија, слободна енциклопедија
Вотергејтската афера е политички скандал во САД од 1972 - 1973 што настанал со откривањето на уреди за прислушување во изборниот штаб на соперничката Демократска партија во комплексот Вотергејт во Вашингтон. Прислушувањето го организирале приврзаниците на Републиканската партија со знаење на најодговорните луѓе во партијата. Откривањето на тој случај довело до оставка (единствениот пат) на претседателот на САД, републиканецот Ричард Никсон на 9 август 1974.