Гане Тодоровски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Гане Тодоровски, роден на 11 мај 1929 г. во Скопје. Македонски поет, преведувач, есеист, литературен критичар и историчар, публицист.
Завршил Филозофски факултет на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје каде што и докторирал на темата "Веда Словена и нејзините мистификатори". Работел како новинар во Танјуг, "Млад борец" и "Студентски збор". Бил долгогодишен професор по хрватска литература и македонска литература - 19 век на Филолошкиот факултет во Скопје.
Литературната активност му започнува непосредно по ослободувањето, и тоа во „Нова Македонија“, „Пионерски весник“, „Нов ден“ и др. Претежно се занимава со поезија и препеви. Има издадено повеќе збирки поезија. Се занимава и со критика и есеистика. Бил уредник на литературните списанија: „Иднина“, „Современост“, „Културен живот“, „Млада литература“, „Разгледи“ и други. Пишува и филмски сценарија, а дебитира со документарниот филм ПРОШТЕВАЊЕ (1963), како ко-сценарист.
Бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија (1969-1971 и 1985-1986), претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата (1970-1971) и бил одговорен уредник на списанието "Млада литература". Амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација. Член на МАНУ. Член на ДПМ од 1951 година.
[уреди] Книги
- Во утрините (поезија, 1951),
- Тревожни звуци (поезија, 1953),
- Спокоен чекор (поезија, 1956),
- Божилак (поезија, 1960),
- Апотеоза на делникот (поезија, 1964),
- Претходниците на Мисирков (студии и огледи, 1968),
- Горчливи голтки непремолк (поезија, 1970),
- Снеубавен ден (поезија, 1974),
- Трактати за сонцељубивите (есеи и записи, 1974),
- Веда Словена (1979),
- Маѓепсан мегдан (литературни записи, 1979),
- Скопјани (поезија, 1981),
- Подалеку од занесот, поблизу до болот (студии, 1983),
- Со збор кон зборот (студии и критики, 1985),
- Поход кон Хеликон (студии, 1987),
- Неволици, неверици, несоници (поезија, 1987),
- Неодложни љубопитства (студии, записи и критики, 1987),
- Недостижна (поезија, 1995),
- Осамен патник (поезија на англиски, 1996).
Составувач е на антологиите:
- Песната - храброст (1975),
- Австриската поезија на ХХ век (1982),
и други, а како коавтор ги приредил антологиите:
- Словенечки поети (1956),
- Езерска земја (1967),
- Правостоина (современи поети од албанската народност во Југославија, 1968),
- Нова хрватска поезија (1973),
- Современа хрватска поезија (1981).
[уреди] Награди
- Кочо Рацин,
- 11 Октомври,
- 13 Ноември,
- Браќа Миладиновци,
- Климент Охридски,
- Гоце Делчев,
- Димитар Митрев,
Наградата за книжевен опус на
- Мисла
Преведувачките награди
- Григор Прличев,
- Кирил Пејчиновиќ
- Златно перо.