Дарко Панчев
Од Википедија, слободна енциклопедија
Дарко Панчев е македонски фудбалер. Роден е на 7 септември 1965 година во Скопје и се смета за еден од најголемите македонски фудбалери на сите времиња.
[уреди] Фудбалска кариера
Неговата фудбалска кариера започнала во 1982 година во ФК Вардар, но потоа во 1988 тој бил префрлен во Црвена Ѕвезда, тим во кој играл четири години, дал 84 гола, па во 1991 дури и освоил Европски Куп. Тој истотака бил еден од најмоќните напаѓачи во светот. Во 1992 бил продаден во италијанскиот тим Интер каде не можел да ги покаже неговите голгетерски способности. Тој во Интер играл 12 натпревари, a дал само еден гол. Затоа тој во 1994 бил на позајмица во германскиот тим Лајпциг каде во 10 натпревари постигнал 2 гола. Тој во 1994 истотака почнал да игра и за репрезентацијата на Македонија. Во сезоната 1994-1995 во седум натпревари постигнал два гола. Следната сезона отишол вo Фортуна Дизелдорф каде во 14 натпревари дал само 2 гола. Тој неговата фудбалска кариера ја завршил во швајцарскиот тим Сион во 1997 година.
[уреди] Тимови
- ФК Вардар
- Црвена Ѕвезда
- Inter Milan
- VfB Leipzig
- Fortuna Düsseldоrf
- FC Soin