Дејан Дуковски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Дејан Дуковски e драмски автор. Роден е на 25 април 1969 во Скопје. Дипломира драматургија на Факултетот за драмски уметности/ФДУ во Скопје (1990). По дипломирањето работи како драматург во Македонската радио-телевизија (1990-1993). Во 1993 година на ФДУ е избран за асистент по предметот филмско и тв-сценарио, а од 1996 година е доцент на Катедрата за драматургија.
Содржина |
[уреди] Литературно творештво (драми)
- Балканска гротеска (1988)
- Последниот балкански вампир (1989)
- Силјан штркот шанца (1991)
- Џинот и седумте џуџиња (1991)
- Балканот не е мртов (1992)
- Буре барут (1994)
- Маме му ебам кој прв почна (1996)
[уреди] Сценарија за играни филмови
- Светло сиво (1993)
- Буре барут (1995)
[уреди] Достигнувања
- Според сценариото „Буре барут“ е снимен игран филм, копродукција на продуцентските куќи од Македонија, Франција, Германија, Турција, Југославија и од Грција. Филмот учествува на познати светски фестивали и ги добива наградите: FIPRESCI - награда од критиката на Фестивалот во Венеција (1998); Награда на Европската асоцијација на критичарите (Лондон, 1998); Гран-при на Фестивалот во Анталија, Турција (1998); Награда,,Бронзена камера 300“ на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ (Битола, 1998); Гран-при на Интернационален филмски фестивал (Хаифа, Израел, 1999).
- „Буре барут“ е најпоставуваниот драмски текст на Дуковски, и е изведуван во Грција, Јапонија, Германија, Хрватска, Данска, Холандија, Шведска, Бугарија...
[уреди] Награди
- Награда за најдобар современ драмски текст на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ - Прилеп, за драмските текстови „Балканот не е мртов“ (1993) и „Буре барут“ (1995);
- Гран-при на Интернационалниот театарски фестивал БИТЕФ за драмскиот текст „Маме му ебам кој прв почна“ (Белград, 1997