Железничко моделарство
Од Википедија, слободна енциклопедија
Железничкото моделарство е активност во која се изработуваат модели на железничките возила и железничката инфраструктура. Најраспространето е претежно во Северна Америка како и во западноевропските земји а најмногу во Германија, Чешка, Швајцарија и Австрија. Некои го нарекуваат хоби за цел живот. Основно се дели на изработка на модели (модели на возилата) , макети (макета на вистински делови од железничката мрежа и измислени односно freelanced макети и диорами во кои возовите не се движат. Важи за најскап, најкопмплексен и најкомплициран вид на моделарство поради тоа што возовите се движат исто како и во реалноста како и поради тоа што при изработката на макетите треба да се води сметка и за најситните детаљи.
Содржина |
[уреди] Историја
Изработката на модели на железници има корени уште со појавувањето на првите локомотиви и вагони за кои инженерите изработувале детални модели. Некаде околу 1850 година во Велика Британија се оформило првото друштво на моделари и љубители на железници. По ова, слични друштва почнале да се создаваат и во другите земји. Во 1890 познатата германска фабрика Marklin изработила модел на железница со стандардизиран колосек и погон на навивање и со тоа ги поставила темелите на железничкото моделарство какво што го познаваме денес. Покасно моделите на локомотиви биле со погон на пареа и електромотор.
[уреди] Размери
Првите мали железници биле повеќе играчки отколку модели. По повеќе години познатата германска фабрика Maerklin го произвела првиот воз кој бил навистина во размер и овој размер го нарекла I. Подоцна се појавиле и размерите II, III и на крај О (1:45 или некаде и 1:43.5). Првата револуција во конструирањето на моделите се случила во 1935 кога за првпат во Германија фирмата Maerklin понудила модели за на маса во размер 1:76 односно ОО. Дотогаш најмал размер бил S (1:64). По прекинот поради Втората Светска Војна во САД биле понудени модели во размер 1:120 (ТТ скратено од Table Top) кој не бил особено прифатен во САД но затоа пак бил многу добро прифатен во повоена Европа поради помалите станови. ТТ бил најмал размер до 1960 кога фирмата ARNOLD RAPIDO комерцијално го претставилa размерот N (1:160), а во 1972 Maerklin го претставил размерот Z (1:220) кој е најмал размер и досега не се направени помали комерцијални модели.
Според NEM (Normen Europaeishen Modellbahnen - норми на европските модели на железници) се предлагаат следниве размери:
Норми
|
||
Размер
|
Назив
|
Ширина на колосекот (мм)
|
1:220
|
Z
|
6.5
|
1:160
|
9
|
|
1:120
|
12
|
|
1:87
|
16.5
|
|
1:64
|
S
|
22.5
|
1:45
|
О
|
32
|
1:32
|
1
|
45
|
За модели од тесен колосек 760 мм на називот се додава буквата e (engspur односно тесен колосек), за модели од тесен колосек 1000 мм на називот се додава буквата m (meterspur - колосек од 1 метар) и на крај за тесните колосеци помали од 650 мм се додава буквата i (industriebahn - индустриска железница) а во земјите од германското говорно подрачје може да се користи и буквата f (feldbahn - полска железница)
[уреди] Норми
Единствена норма во почетоците на железничкото моделарство била ширината на колосекот. Денес железничкото моделарство е прецизно нормирано најпрво од NMRA (National Model Railroaders Association) кон крајот на 30 години од 20 век а подоцна кон средината на 50 од минатиот век и со NEM нормите. NMRA се однесува на моделите од Северна и Јужна Америка, додека NEM се однесува на европските модели. Овие норми содржат податоци за димензиите на моделите, колосекот, начинот на напојување со електрична енергија, начинот на прикачување на моделите еден со друг и сл. Намената е да се овозможи компатибилност помеѓу моделите од различни фабрики. Со нормите се уредени и други параметри како на пример епоха на железницата и сл.
[уреди] Надворешни врски
- MOROP - European Union of Model Railroad and Railroad Fans (англиски) (германски) (француски)
- NMRA - National Model Railroad Association (англиски)
[уреди] Производители на железнички модели
[уреди] Видете исто така
Скали во железничко моделарство | |
Ова е недовршена статија за транспорт. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка . |