Жозеф Нисефор Нипс
Од Википедија, слободна енциклопедија
Жозеф Нисефор Нипс (француски: Joseph Nicéphore Niépce) (7 март, 1765 – 5 јули, 1833) бил француски пронаоѓач, најпознат по пионерството во фотографијата.
Нипс ја направил првата успешна трајна фотографија. Тој почнал со експерименти уште од 1793. Некои од неговите рани експерименти резултирале со слики, но тие набргу избледнувале. Се смета дека Нипс почнал да прави долготрајни слики во 1824. Најстарата трајна фотографија зачувана денес била направена во јуни или јули 1827 (или 1826, според некои извори). Нипс овој процес го нарекол „хелиографија“, што значи „сонцепис“. Ова бил бавен процес кој барал некои 8 часа силно сонце за да може да се отслика тоа што се слика; затоа бил користен за фотографирање на згради и неподвижни предмети, но не за луѓе.
Почнувајќи од 1829 Нипс почнал да соработува и да го подобрува фотографскиот процес заедно со Луј Дагер. Умрел ненадејно од срцев удар во 1833.
Нипсовиот кратер на Месечината и именуван по него за неговите заслуги.
[уреди] Надворешни врски
- Изложбен веб-сајт на тема „Првата фотографија“ при Тексашкиот Универзитет (англиски)
- Повеќе за Нипс (англиски)