Завод и Музеј - Прилеп
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Во 1955 година со одлука на Народниот одбор на општина Прилеп е формиран Народниот музеј. Во почетокот активни се три одделенија: Одделение за археологија, Одделение за Историја и Одделение за етнологија. Со тек на време се формираат и сите останати денес активни одделенија.
Со прераснувањето на Народниот музеј во Завод за заштита на спомениците на културата, природните реткости и Музеј во 1981 година, освен музејската дејност институцијата врши и заштитна дејност.
Моментално во рамките на Завод и музеј - Прилеп работат следните одделенија:
- Одделение за Историја 1
- Одделение за Архитектура 2
- Одделение за Историја на уметност 3
- Оддление за етнологија 4
- Музеј на тутун
Содржина |
[уреди] Активности од областа на музејската дејност
- Теренски истражувања и рекогносцирања;
- Прибирање на музејски материјал по пат на истражувања, откуп, подарок и сл;
- Евиденција, заштита и стручна обработка на музејскиот материјал;
- Евиденција и увид во состојбата на недвижните и движни споменици на културата;
- Организирање на тематски постојани и повремени изложби;
- Публикација на обработениот музејски материјал;
- Водичко - едукативна дејност;
[уреди] Активности од областа на заштитната дејност
- Евиденција и увид во состојбата на недвижното и движно културно богатство;
- Истражување и изработка на проекти за изведување на заштитни интервенции на недвижното и движно културно богатство;
- Превентивни заштитни интервенции на недвижното и движно културно богатство;
- Конзерваторско реставраторски работи на недвижното и движно културно богатство;
- Учество во поставување на тематски постојани и повремени изложби;
[уреди] Публикување на стручни трудови
Завод и Музеј Прилеп располага со своја интерна библиотека со богат фонд на стручна литература, како и фото лабораторија која е мошне важна помошна техничка служба при активностите на вработените во институцијата. Во 1961 година поставена е Постојана изложба со археолошки предмети, која повремено се обновува. Во рамките на Завод и Музеј работат Меморијалниот музеј "11 Октомври 1941", Меморијалниот музеј "Кузман Јосифоски - Питу" и Музејот за тутун.
Прв директор на Народниот Музеј од неговото основање па се до 1980 година е др. Бошко Бабиќ, дипл. историчар на уметност.