Музеј на тутун
Од Википедија, слободна енциклопедија
Музејот за тутун во Прилеп е раководен од Национална Установа ,,Завод и Музеј – Прилеп", а функционирањето е плод на соработка со ЈНУ Институт за тутун – Прилеп. Единствен музеј е од овој вид на Балканскиот полуостров и еден од поголемите тутунски музеи во Европа.
Содржина |
[уреди] Историјат
Отворен е 1973 година, по повод 100 години организирано тутуно производство во Прилеп (градбата на првиот магацин за откуп на тутун во Прилеп) и 400 години од присуството на тутунот во Отоманската империја (значи и во Македонија).
[уреди] Експонати
Музејот брои 2584 експонати и тоа од неколку области:
- експонати за уживање тутун;
- експонати од индустриското производство и манипулација со тутунот;
- експонати од рекламирањето на тутун и производи од тутун;
- експонати од феноменологијата на тутунот;
- етнографски експонати од производството и манипулацијата со тутунот ликовна збирка;
- збирка на каширани фотографии;
- збирка на историски документи
- библиотека на ретки и стари книги и ракописи;
Музејот на тутунот поседува и библиотека со ретки и стари примероци на книги, како што е "Табакологија" од Неадри издадена во 1626 година, потоа фототека и Фототека на негативи, збирка на пропаганден материјал од тутунската индустрија и колекција на слики, вредни и оригинални графики и репродукции. Оделението за документација и аналитика се наоѓа во просториите на Заводот и Музеј во Прилеп.
[уреди] Перманентна поставка
Перманентна поставка на Музејот за тутун се наоѓа во Кругот на ЈНУ Институт за тутун – во зградата на Институт за старословенска култура. Предметите се изложени во сала со површина од 250 м2. Во 24 витрини се сместени 750 експонати: лулиња, чибуци, табакери, бурмутници, дозни за тутун, пепелници, наргилиња, водни лулиња за тутун и опиум, чистачи и полначи за лулиња, порт цигари, камиши, сечачи за тутун, дробилки за бурмут (авани), апарати за потсекување и режење цигарети и цигари, калапи и други алати за изработување лулиња, шандани (држачи и тацни за послужување тутун и цигари), кутии за тутун, цигари, тацни за служење цигари, направи за потпалување на лулињата, чилами за хашиш, запалки, кутии за виткање цигари, машички, ризла и палмини листови за завиткување, рекламни сетови и и др.
Овие експонати имаат улога да го објаснат човекот преку луксузот (тутунот е сепак луксуз и феномен на апсурдот). Музејот за тутун – Прилеп ги собира експонатите, но и вистинитите приказни, кои одат со нив.
Музејот поседува ретки и скапи експонати, кои припаѓале на познати сопственици (кралеви, принцови, војводи, војководци и познати личности од историјата...) или експонати кои говорат за развојот на навиките за пушење, џвакање и шмркање на тутунот (бурмут).
Музејот во својата колекција поседува ексклузивни лулиња кои биле приутни на некои големи Светски изложби (Париз и Виена).
Збирката на каширани фотографии и уметничката збирка е изложена во зградата на ЈНУ Институт за тутун и тука можат да се видат богати понуди, во кои тутунот е мотив и инспирација.
[уреди] Експонати
Предметите се собирани од 5 континенти. Најмалку има од Балканот. Помеѓу попознатите експонати спаѓаат:
- Султанското луле од Крим
- Чибукот на Романов
- Лулето од надвојводката Ана
- Чибукот од Али – Кучук
- Лулето и тутун – кутија од Дража Михајловиќ
- Студентските и боевите лулиња од побуната против Марија Терезија од 1848
- Лулињата од првиот светски пушачки клуб
- Табакера од Вториот поход на [Кристофер Колумбо]
- Композицијата ,,Мојата жена и мојата баба"
- Лулето од копито ,,Опомена"
- Табакологијата од Неандер
- Серијата „тутун“ - едни од најретките графики
- Делата од Славин, Подухин и многу друго.