Зевкс и Пархасиј
Од Википедија, слободна енциклопедија
Зевкс (Зевкиј) и Пархасиј биле сликари од Ефес во V век п.н.е.. Зевкс бил дворски уметик во престолнината на Македон, Пела повикан од кралот Архелај I. Двајцата се спомнуваат во книгата Naturalis Historia на авторот Плиниј Постариот во контекст на натпреварот кои двајцата го одржиле за да одредат кој од нив е подобар уметник (како и за титулата „Најдобар уметник на светот“). Кога Зевкс ја тргнал завесата од неговата слика со гроздови, тие изгледале толку примамливо, што птици долетале од небото за да ги колват. Потоа тој го замолил Пархасиј да го направи истото со неговата завеса. Кога се открило дека всушност самата завеса била сликата на Пархасиј, Зевкс морал да признае пораз, бидејќи додека неговото дело ги измамило очите на птиците, Пархасиј ги измамил очите на еден уметник.
Најважните дела на Зевкс се: Хелен, Устоличениот Зевс и Малиот Херкул дави змија. Сликал и собрание на боговите, Ерос крунисан со рози, а ги сликал и Алкмен, Менелај (атлетичар), Пан, окованиот Марсиј и др.
[уреди] Смрт
Се вели дека Зевкс насликал некоја старица, која потем му се видела толку смешна, што се изнасмеал до смрт. По смртта, неговите дела биле однесени во Рим и Византија, но подоцна исчезнале за времето на Павзаниј и до денес ниедно не е пронајдено.
[уреди] Видете исто така
- Пархасиј
- Мртва природа
- Тромп л'еј