Зелена боја
Од Википедија, слободна енциклопедија
Параметри на бојата во различни колор модели | ||
---|---|---|
Hex | #00FF00 | |
RGB | (r, g, b) | (0, 255, 0) |
CMYK | (c, m, y, k) N | (255, 0, 255, 0) |
HSV | (h, s, v) | (120°, 100%, 100%) |
N: Normalised to [ 0–255 ] (changing to [0–100]) |
Зелената боја е бојата со бранова должина на светлината од приближно 520 до 570 nm. Зелената е вообичаена боја во природата, особено кај растенијата. Многу растенија се зелени најмногу поради сложената хемикалија позната како хлорофил што е поврзана со фотосинтезата.
Зелената се смета една за една од адитивните примарни бои. Комплементарна е со магентата; односно со бојата #FF00FF. Луѓето кои имаат слепило за црвената и зелената боја најчесто можат да ги разликуваат двете бои, но ги мешаат со други бои, како на пример, светло-зелена со жолта; темно-зелена со кафеава.
Терминот "зелена" не дефинира точна боја освен во рамките на стандардите, како X11 боите или апсолутен колорен простор како sRGB.
Зеланата боја делува смирувачки и малку делува на зголемувањето на работната способност на работното место.
Зелената боја е бојата на исламската религија. Еколошките движења често се нарекуваат "зелени" бидејќи со таа боја ја означуваат својата борба за заштита на природата. Како симбол, зелената боја укажува дека нешто е допуштено, или слободно (на пр. на семафор), за разлика од црвената која претставува забрана.