New Immissions/Updates:
boundless - educate - edutalab - empatico - es-ebooks - es16 - fr16 - fsfiles - hesperian - solidaria - wikipediaforschools
- wikipediaforschoolses - wikipediaforschoolsfr - wikipediaforschoolspt - worldmap -

See also: Liber Liber - Libro Parlato - Liber Musica  - Manuzio -  Liber Liber ISO Files - Alphabetical Order - Multivolume ZIP Complete Archive - PDF Files - OGG Music Files -

PROJECT GUTENBERG HTML: Volume I - Volume II - Volume III - Volume IV - Volume V - Volume VI - Volume VII - Volume VIII - Volume IX

Ascolta ""Volevo solo fare un audiolibro"" su Spreaker.
CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Ислам - Википедија

Ислам

Од Википедија, слободна енциклопедија


Дел од серијалот

Ислам

Историја на исламот

Верувања и обичаи

Божје единство
Вероисповест
МолитваПост
Аџилак • Добротвроност

Главни дејци

Мухамед
Али • Абу Бакр
Придружниците на Мухамед
Семејството на Мухамед
Исламски пророци

Текстови и Закони

Коран • Хадис • Шеријат
Исламско право • Теологија
Мухамедовите биографии

Гранки на исламот

Сунитизам • Шиитизам • Суфизам

Социополитички аспекти

Академци • Философија
Уметност • Науки
Архитектура • Градови
календар • Празници
Жените во исламот • Водачи
Политика • Џихад • Либерализам

Видете исто така

Исламски вокабулар

Ислам ((арапски: الإسلام) значи „потчинетост (на Божјата волја)“) е монотеистичка вера, која се вбројува во Авраамските религии и е втора религија по распространетост во светот. Следбениците на оваа религија се нарекуваат муслимани. Муслиманите веруваат дека Бог ја предал својата боженствена реч во облик на откровенија преку разни пророци и дека Мухаммед бил последниот Божји пророк. Исламот најдобро се дефинира според Коранот кој за муслиманите е безгрешна реч предадена од Алах на Мухаммед.Според исламските научници исламот се дефинира како систем на закони и распореди за олеснуванје на човечкиот живот и прифаќање на господ како создавач.

Содржина

[уреди] Етимологија

На арапски, зборот „ислам“ доаѓа од коренот со три букви Син-Лам-Мим (س-ل-م), кој значи „покорност; предавање; послушност; мир“. Зборот „ислам“ е вербален апстракт на овој корен, и буквално значи „покорност/послушност“ и се однесува на покорноста кон Алах (Бог).

[уреди] Верување

Исламот како систем има пет битни елементи кои од исламската наука се нарекуваат: Пет столба на исламот и тоа се:

Сведочењето (Шехадетот)

Основното начело на исламот се наоѓа во шехадетот („две сведоштва“, арапски: لا إله إلا الله محمد رسول الله ) - „Нема друг бог освен Алах и Мухаммед е Божјиот пратеник“. Шехадетот е клуч за да се биде дел од исламската бера, секој кој навистина верува во овие зборови се вбројува како муслиман. Меѓутоа, од практични причини за оние кои се конвертираат од друга религија или од неверство го прифаќаат илсламот мора да ги изрецитират овие зборови во присуство на две сведоци машки пол или едно машко и две од женскиот пол за да биде сметан за муслиман од страна на другите членови на оппштеството.


Молитвата (Намаз)

Аџилакот до Каабата, Масџид ел Харам, Мека, Петтиот столб на Исламот.
Аџилакот до Каабата, Масџид ел Харам, Мека, Петтиот столб на Исламот.
Кааба, најсветото место во исламот
Кааба, најсветото место во исламот

После првиот корак на влегуваље во исламскиот систем нај битен составен елемент на веруваљето на еден муслиман е намазот (арапски: صلاة,) (молитва) кој задолзителен е за сите муслимани кои се полноленти и свесни (неммат психички недостатоци), задолжителен е и за оние кои имаат физички недостатоци али имаат олецнуваља одредени според Кур’ан.


Пост (Исламски пост)

Третиот Исламски столб е постељето на Месецот Рамазан (арапски: الإضان - Рамадан).За овој месец постењето е задолжително за сите муслимани полнолетни и за сите оние кои имаат здравствена можност. За оние кои неммат можност го дополнуваат по после или ако се стари го наместуваат со давање на сипомаси.

Зекат

Зекатот (арапски: زكوة,) е третиот активен битен елемент на веруваљето, зекатот се побрзува со богатсвотот на муслиманите. Сите муслимани кои имаат определено богатсво (над базичнотот за живот) се задолжуваат да делат дел (дел од 2.5% од останатото, не од добиеното, на крајот на годината) од своето богатство за сиромасите, делељето е во споредба со богатсвотот што го имаат. Ако држабата е организирана Исламска Држава тогаш зекатот го соберува и го дели државата.

Посета на Каба (Аџилак) Аџилакот е петтиот и последниот столб на Исламот и е задолжителен за сите муслимани кои имаат богатсво до го посетуваат Каба во определеното време за молеље за аџилак инаку ако се посетува во текот на друг дел од годината во исламот тоа се вика умре. Аџилакот не е задолзителен за оние кои немаат свое богатство. Во случај жената да има свое богатсво а мажот да нема тогаш жената се задолжува а мажот не.

[уреди] Бог

„Алах“ во калиграфија
„Алах“ во калиграфија

Основниот концепт на исламот е Божјето единство (тавхид). Овој монотеизам е апсолутен, а не релативен или плуралистички во ниедна смисла на зборот. Бог е опишан во Сурата (глава од Коранот) Ел-Ихлас, (глава 112) вака:

Кажи „Тој е Бог, едниот и едниствен. Алах, Вечниот, Апсолутниот и Самостоен господар. Тој нити раѓа, нити самиот е роден. И нема никој сличен Нему.“

На арапски Бог се нарекува Алах.

Името Алах е сеопфатливо за другите 98 имиља прикажани во Кор'анот *едно име е неоткриено од Бога. Во суштина едно име на Бог означува една особина за разлика од името Алах кое ги има сите особини и значења.

Името "Алах" нема множина или род, за разлика од зборот „Бог“ кој може да се стави во множина („Богови“) и во женски род „Божици“. Кај исламот Семоќниот „Алах“ по Коранот:

„(е) Создателот на небесата и Земјата: Тој ви направи парови меѓу вас, и парови помеѓу стоката: на овој начин Тој ве размножува: не постои баш ништо како Него, и тој е Оној кој гледа и слуша (сѐ)“ (42:11).

Имплицитната употреба на одредениот член во зборот Алах лингвистички назначува божествено едниство. Муслиманите веруваат дека Богот кого го слават е истиот Јудео-Христијански Бог, т.е. Авраамовиот Бог. Меѓутоа, муслиманите не веруваат во христијанскиот концепт на Божјето тројство бидејќи за нив ова е елемент на политеизам. Цитат од Коранот сура Ен-Ниса(4) :171:

"О народе на Писмото! Не ги преминувајте границите на вашата религија, и не зборувајте за Бога ништо освен вистината. Месијата, Исус син на Марија, беше само Божји гласник, и Неговиот збор кој го упатил на Марија, и откровението од Него. Затоа, ќе верувате во БОГА и Неговите пратеници. Нема да викате, „Тројство“. Ќе се воздржувате од тоа за ваше добро. Бог е само еден Бог. Слава му; Тој е премногу величенствен за да има син. Нему му припаѓа сѐ на небесата и сѐ на Земјата. Бог е доволен како Господ Господар."

Во исламот не се дозволени визуелни слики на бог, зошто тоа може да доведе до идолопоклонство. Таквиот аниконизам може да се најде и кај Јудео-Христијанската теологија.

[уреди] Коранот

Првата сура од Коранот напишана рачно
Првата сура од Коранот напишана рачно

Коранот е исламското свето писмо.

Муслиманите веруваат дека Коранот е Божја реч предадена на Мухаммед преку Ангелот Габриел на многу наврати меѓу 610 до неговата смрт во 632 год. На Мухаммед Кор'анот му бил објавен на делови (ајети) или неколку делови одеднаш како дел на една целина сурах или како еден сурах во целина. После примањето тој ги соопштил неговите следбеници и заедно ги практицирале. Во тоа време Мухаммед не наредил да се собере и да се пишува Кор'анот на едно место али ги информирал следбениците за распоредот на деловите (како што се сега, бидејки не е примено од страна на Мухаммед хронолошки како што е денеска). Неговите следбеници ги запомниле овие откровенија и ги запишале на пергаменти, камења и листови. На ваков начин Кор'анот се чувал се до време на калифот Утман ибн Афан кога во време на војувањето биле изгубени голем број хафизи (луѓе што го знаат Кор'анот на памет и се зане ланецот од кој човек е учен се до Мухаммед, верлив ланец.).

Муслиманите веруваат дека Коранот денес е истот коран од откровението на Мухамед. Научниците веруваат дека Коранот во денешен облик е составен од третиот Калиф, Утман ибн Афан, некаде меѓу 650 и 656 година. Тој испратил и примероци насекаде во неговата нова Муслиманска империја и наредил сите други варијанти на Коранот да се уништат. Меѓутоа, некои скептици се сомневаат дека заради усната традиција (хадит) на која тој се базира, Коранот морал да биде составен нешто пред 750.

Во Утмановата верзија, сурите се организирани по должина (освен краткиот вовед во сурата Ал-Фатиха), со тоа што најдолгите сури се на почетокот на Коранот, а најкратките на крајот. Поконзервативни извори кажуваат дека Бог го одредил редот на сурите. Подоцнежните научници пробувале да ги наредат сурите по хронолошки редослед, и меѓу исламските коментатори постои генерален концензус во врска со тоа која сура била откровена во Мека, а која во Медина, со тоа што секоја група се одликува со свои карактеристики. Некои сури (како на пр. ал-Алак) се смета дека биле откровени во разни места и во разни времиња.

За да се добие представа за поимот „варијанти“ во рамките на примениот Корански текст, мора да се напомене дека во тоа време пишаниот арапски не бил сеуште доволно развиен. Коранот бил за прв пат овековечен во пишана форма со писмата Хиџази, Машк, Маил и Куфик; во овие писма постоеле само согласки, а не самогласки. Заради разноврсноста на усните традиции кај народите кои го прифатиле исламот, постоеле несогласувања за тоа како се читаат стиховите без согласки. Подоцна биле создадени писма со дијакритички знаци (познати како точки) за обележување на самосласките. Стотици години по Утмановата рецензија, исламските научници се расправале за тоа како се чита Утмановиот официјален текст (без точки). На крај се прифатени седум различни варијанти (кираат) на Коранот како канонски, со согласност дека нивните разлики се многу мали и не го менуваат значењето на текстот. Компатибилноста на Кор’анот на арапски јазик го акцентира законот според кој молитвата во намазот може да се кажат само оригинално на арапски, за разлика од другите вон намазни молитви.

Меѓу скептиците Коранот набрзо станал тема на расправија. Во 8-миот век едни велеле дека Коранот е создаден во рамките на времето и затоа не е вечен, додека тие што не се согласувале твбрделе дека Коранот е вечен и совршен бидејќи постоел на небесата пред да му биде предаден на Мухамед. Ашаристичката теологија (која подоцна станала општоприфатена) сметала дека Коранот бил несоздаден.

Уште од почетокот на верата, муслиманите веруваат дека Коранот е совршен само ако е на арапски. Преводите се резултат на човечки труд и затоа, и на човечки грешки, а згора на тоа им недостасува онаа вдахновена поезија во оригиналот. Затоа преводите се само образложенија на Коранот, или „преводи на неговото значење“, но не самиот Коран. Многу современи печатени верзии на Коранот содржат арапски текст на едната, а друг јазик на другата страна.

[уреди] Исламскиот концепт

[уреди] Не постои религиозен власт

Во исламот не постои официјална власт која кажува кој е примен, а кој е исфрлен од верската заедница (Ума) („семејство“ или „народ“). Исламот е отворен за сите, без разлика на раса, возраст, пол или претходна вера. Доволно е да се верува во главните исламски верувања. Ова формално се постигнува со рецитирање на шехадетот, кое треба да биде искрено и од срце. Без оваа изјава никој не може да стане муслиман. Доволно е човек да верува, да се декларира како муслиман и да се однесува на начин кој му прилега на еден муслиман за да биде профатен во исламската заедница.

[уреди] Исламско право

Шеријат (арапски за „добро истапкана патека“) е исламско право според традиционалното исламско учење. Коранот представува главниот извор за исламското право. Вториот извор е сунетот на Мухамед и раната исламска заедница. Сунетот само по себе не е текст како Коранот, но е извадена како анализа на хадисот (арапски за „извештај“), или запишаните усни традиции, кои се во база зборови и учеља од Мухаммед или содржат раскажувања за мислите и делата на Мухаммед. Иџмата (конзенсус на исламската заедница) и кијасот (аналогно расудување) се третиот и четвртиот извор на шеријат.

Во неговите класични облици, исламското право ги опфаќа сите сфери на живеење, од управа и меѓународни односи, до секојдневниот живот. Исламските закони покриени од Коранот се нарекуваат худудски закони. Овие подразбираат забрана за убиство, вонбрачен секс, ѕемаље-даваље на камата, пиење на алкохол и комар. Коранот исто така содржи закони за наследство, брак, надомест за оштетувања и убиства, како и правила за постење, добротворност и молитва. Меѓутоа, препораките и забраните можат да бидат генерални, така што нивната практика е варијабилна. Исламските мислители, улемата, имаат разработено законски ситем базиран на овие генералнин правила, со додадени извештаи од хадисот за тао како Мухаммед и неговите придружници ги имаат интерпретирано. Видете Грев за понатамошна дискусија на тема гревови и нивното искупување според исламот.

Во денешно време, не сите муслимани го разбираат Коранот во арапски оригинал. Затоа, кога муслиманите не се согласуваат, се консултираат со муфтија (исламски судија) кој пружа совет на основа на шаријата и хадисот.

[уреди] Одметништво и богохулие

Локални исламски заедници можат да исклучуваат членови кои ги сметаат за одметници и богохулници. Во државите со исламски закон, одметништвото и богохулието се сметаат за сериозно кривични дела против државата и понекогаш се казнуваат со смрт.

[уреди] Исламот со христианството и јудеизмот

Во Коранот постојат заповеди да се почитуваат сите други религии. Истиот исто така бара луѓето да се борат против и да ги покорат неверниците за време на војна и „да ги истерате таму кај што тие ве истераа вас“ (Коран 2:191). Некои муслимани ги почитувале евреите и христијаните како сроднци, т.е. како „луѓе на книгата“ (монотеисти, следбеници на авраамските религии), додека други ги презирале како одпадници од монотеизмот и расипници на сопствените свети книги. Во разни времиња и простори, исламските заедници биле и толерантни и нетолерантни.

Класичното исламско решение е ограничена толеранција — дозволување на евреите и христијаните приватно да ги практикуваат своите религии и дозволување на сопствен семеен закон. Тие биле нарекувани Дими, и имале помалку, но слични права и обврски од муслиманите. Според Светиот Коран (Сура 9:29), димите требаат да плаќаат посебен данок наречен Џизја, на нивните исламските владетели, како возврат за заштита, толеранција и неплаќањето на стандардниот муслимански данок.

Класичната исламска држава често била потолерантна од другите држави во тоа време, кои инсистирале на комплетно придржување до државната религија. Поведението на денешните исламски држави е од мешан карактер. Некои генерално се сметаат за толерантни, додека други биле обвинети за нетолеранција и кршење на човекови права. Видете ја главната статија, Ислам и другите религии, за понатамошна елаборација на оваа проблематика.

[уреди] Исламскиот календар

Исламските датуми почнуваат со Хиџра, или преселбата од Мека во Медина. Ова е 1 година по исламскиот календар која одговара на 622. Месечевиот календар се разликува од другите такви календари (како на пр. келтскиот календар) по тоа што ги нема престапните месеци со тоа што е синхронизиран само со лунациите, но не и со сончевата година и со тоа резултира во години со 354 или 355 дена. Затоа, исламските датуми неможат да се претвораат во вообичаните п.н.е/н.е датуми со едноставно додавање на 622 години. Исламските празници не паѓаат на фиксирани датуми од месечевиот каландар, што се разни годишни времиња и датуми во Грегоријанскиот календар.

[уреди] Исламските Школи

Иџмата како нај висока и доверлива Исламска институција за донесување одлуки ги прифаќа четири школи како следбенички на објавениот Ислам во времето на Мухаммед. Овие школи се разликуваат меѓусебно само во неоки точки на толкување, од друга страна за веќината и битните елементи на Кор’анот потполно се согласуваат.

Овие школи се: Ханефи, Малики, Ханбели и Шафи сите други организации и школи се неприфатливи и се сметаат за девијации.

[уреди] Историја

Современата исламска историја започнува во Арабија во 7-миот век со појавувањето на пророкот Мухамед. Сто години по неговата смрт, исламската држава се простирала од Атлантскиот океан на запад до централна Азија на исток, но која исто така била разгорена со граѓански војни (фитни). Од тогаш, па натаму се јавуваат династии-ривали кои тврдат дека тие се заслужни за калифатот, или водството на муслиманскиот свет, со тоа по многу исламки држави само симболично се покорни на онемоштениот калиф.

Меѓутоа, подоцнежните империи на Абазидските калифи и турците-селџуци биле меѓу најголемите и најсилните во светот. По катастрофалниот пораз на бизантијците во Битката кај Малазгирт во 1071, христијанските држави во Европа лансирале повеќе крстоносни војни и привремено го зазеле Ерусалим. Меѓутоа Саладин го повратил единството и ги поразил шиитските Фатмиди.

Од 14-тиот до 17-тиот век, една од најважните муслимански територии била Малската империја, со престолнина во Тимбукту.

Во 18-тиот век постоеле три големи муслимански империи: отоманската империја во Турција, Средниот Исток и средоземјето; Сафавидската империја во Иран; и Могулската империја во Индија. Веќе во 19-тиот век, трите држави потпаднале под политичките и економски притисоци на европските магнати. По Првата Светска војна, остатоците од Отоманската империја биле распарчени како европски протекторати или зони на интерес. Исламот и исламската политичка власт оживеала во 20-тиот век. Меѓутоа, односите помеѓу исламскиот свет и западот остануваат влошени.

[уреди] Современиот ислам

Земји со повеќе од 10% муслимани (извор - ЦИА Светска книга на факти, 2004). Потемните зелени подрачја представуваат сунитско мнозинство, а светлите зелени подрачја представуваат шиитско мнозинство.
Земји со повеќе од 10% муслимани (извор - ЦИА Светска книга на факти, 2004). Потемните зелени подрачја представуваат сунитско мнозинство, а светлите зелени подрачја представуваат шиитско мнозинство.

Иако денес како исламско движење се представува фундаменталниот исламизам, постојат многу либерални движења во исламот, кои бараат алтернативни начини како исламски одговор на современите проблеми.

Еден предлог е класичните исламски закони да се адаптираат на современите прилики. Ова движење не сака да ги менува базите на исламот, туку само да најде начин за спречување на погрешни толкувања и злодела во име на религијата. (Видете Современа исламска филозофија за понатамошна елаборација на оваа тема.)

[уреди] Демографија на исламот денес

Исламот по земји | Демографија на исламот

Проценките за бројот на исламското население во светот се движат од 900 милиони до 1.4 милијарди (cf. Adherents.com)

Само 18% од муслиманите во светот живеат во арапскиот свет; 20% се наоѓаат цо Субсахарска Африка, околу 30% во јужноазиските региони како Пакистан, Индија and Бангладеш и Индонезија. Исто така постојат значителни муслимански заедници во Кина, Европа, Амрика, Централна Азија и Русија.

Франција го има најголемиот процент на муслиманско население во Европа, со 6 милиони муслимани (10% од вкупното население) [1]). Албанија има пропорцијално најбројно муслиманско население во Европа (70%), иако оваа бројка е само проценка (видете Исламот во Албанија). Бројот на муслимани во Северна Америка е проценет на меѓу 1.8 и 7 милиони. Во Македонија има околу 33.3% Муслиимани од вкупното население од 2,050,554 жители.(иѕвор на информации)

[уреди] Симболи на исламот

Оваа ѕвезда и полумесечина се состои од арапска калиграфија која ја означува басмалата, првиот стих од Коранот и шехадетот, изразувањето на вербата во Алах.
Оваа ѕвезда и полумесечина се состои од арапска калиграфија која ја означува басмалата, првиот стих од Коранот и шехадетот, изразувањето на вербата во Алах.

Муслиманите не признаваат никаква икона или боја како света во исламот, бидејќи возвишувањето на симболички или материјални нешта е спротивно на монотеизмот. Многу луѓе ги сметаат ѕвездата и полумесечината за симбол на исламот, но ова се всушносат обележја на Отоманската империја, а не на исламот во целина. Зелената боја исто така се смета за исламска; ова е обичај и не е препорачан од теолозите. Меѓутоа, муслиманите често користат раскошно калиграфирани стихови од Коранот и силики од кабата како декорација за џамиите, домовите и јавните места. Се верува дека коранските стихови се свети аји не за користење како декорација или симбол.

[уреди] Извори

  • Исламска енциклопедија
  • Arberry, A. J. The Koran Interpreted: a translation by A. J. Arberry. Touchstone, ISBN 0684825074
  • Kramer, Martin. The Islamism Debate. University Press, (1997) ISBN 9652240249
  • Kurzman, Charles. Liberal Islam: A Sourcebook. Oxford University Press, (1998) ISBN 0195116224
  • Rahman, Fazlur. Islam. University of Chicago Press; 2nd edition, (1979) ISBN 0226702812
  • Safi, Omid. Progressive Muslims: On Justice, Gender and Pluralism. Oneworld Publications, (2003) ISBN 1-85168-316-X
  • Tibi, Bassam. The Challenge of Fundamentalism: Political Islam and the New World Disorder. Univ. of California Press, (1998) ISBN 0520088689

[уреди] Академски извори

[уреди] Директориуми

[уреди] Исламот во науките, уметностите и философијата

[уреди] Сајтови на тема „погрешни претстави“

http://www.turntoislam.com (Contains Video Documentaries about Islam) [2]

Static Wikipedia (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2007 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2006 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu

Static Wikipedia February 2008 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu