Имплозија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Имплозија е процес при кој предметите се уништуваат со уривање сами во себе. Имлозијата е обратна на експлозијата. Таа концентрира материја и енергија. Пример за имплозија би била подморница која високиот притисок на водата ја смачкува навнатре.
Кај нуклеарното оружје од имплозивен тип, топка од плутониум, ураниум или друг материјал може да имплодира со сферични екслозивни полнења, зголемување на густината за фактор 2 до 4, така правејќи ја масата критична. Тоа резултира со нуклеарна екплозија. Кај фузиската бомба, ова пак активира нуклеарна фузија. Овие сферични високоексплозивни полнења сочинуваат сферичен состав од од повеќекратни високоексплозивни полнења.
Во контекст на кавитацијата, имплозијата е вшмукувачки процес кој ја тера материјата навнатре, а не нанадвор како кај експлозијата. Меѓутоа ова навнатрешно (центрипетално) движење, не следи права (радијална) патека до центарот; тоа следи спирална, виорна патека. Ова се нарекува вртлог. При кавитацијата се создаваат ред мали балончиња од водена пареа како резултат на нискиот притисок ан едната страна од придвижувачот. При колапсот на овие балончиња, тие прават интензивен локален шок-бранови кои прават бука и можат да предизвикаат локален дефект на површината на придвижувачот, процес кој води до ерозија на материјалот.
Особена карактеристика на вртлогот е тоа што надворешноста на тој вртлог се движи бавно, додека неговиот центар се движи брзо. Водата имплодира во вртлог со тоа што висечките честички, кои се погусти од водата, се вшмукуваат во центарот на текот, отпорот на триење се намалува и брзината на протокот се зголемува.