Институт за национална историја
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Институтот за национална историја (ИНИ) е основан со Уредба на Владата на НР Македонија од 22 септември 1948 година, со основна задача да ја проучува историјата на Македонија и македонскиот народ, на народностите и на етничките групи што живеат во неа. Со посебен Закон за Институтот за национална историја од 1965 година поблиску се определени неговите задачи. Седиштето на Институтот за национална историја е во Скопје, а директор на Институтот е Тодор Чепреганов.
ИНИ својата дејност ја остварува преку научноистражувачка дејност, издавачка дејност и последипломските и докторските студии.
Научноистражувачката дејност Институтот ја врши преку седум постојни одделенија:
- Одделение за античка и средновековна историја на Македонија (до 1371 година)
- Одделение за историјата на Македонија во време на османско-турското владеење (до почетокот на 19 век)
- Одделение за проучување на периодот на преродбенското и националноослободителното движење во 19 век до 1912 година
- Одделение за историјата на македонскиот народ (1913-1941)
- Одделение за историјата на македонскиот народ (1941-1991)
- Одделение за историјата на малцинствата на Балканот и иселеништвото
- Балканолошко одделение
Од 1957 година Институтот издава научно списание “Гласник”.
[уреди] Поранешни директори
- Новица Велјановски