Катица Ќулавкова
Од Википедија, слободна енциклопедија
Катица Ќулавкова e родена на 11 декември 1951 година во Велес. Дипломирала на Философскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Подоцна и магистрирала на истиот факултет на темата: „Метафората и современата македонска поезија“. По магистратурата, докторира на Философскиот факултет во Загреб на тема: „Одлики на лириката“.
Содржина |
[уреди] Научна работа
Од нејзинот докторат во 1984 таа е вработена на Филолошкиот факултет во Скопје како професор по теорија и методологија на проучувањето на книжевноста на Катедрата за општа и компаративна книжевност, и е на оваа позиција до денешен ден. Една година работела при Лекторатот по македонски јазик и литература во Париз на INALCO. Била претседател на Македонскиот ПЕН центар. Член на Друштвото на Писатели на Македонија од 1978 година. Во 2003 таа е избрана за член на Македонската Академија на Науки и Уметности.
[уреди] Творештво
[уреди] Поезија и Проза
Ќулавкова е автор на книгите:
- Благовести (поезија, 1975)
- Акт (поезија, 1978)
- Нашиот согласник (поезија, 1981)
- Нова пот (поезија, 1984)
- Невралгични места - Неуралгичнa места (двојазично издание, Вршац, поезија, 1986)
- Дива мисла (поезија, избор, 1989)
- Жедби, престапни песни (поезија, 1989)
- Друго време (поетска проза, 1989)
- Изгон на злото (поезија, 1997)
- Домино (поезија, 1993)
- Предигра (поезија, избор, 1998)
[уреди] Студии и Критики
- Потход и исход (критики, 1996)
- Фигуративниот говор и македонската поезија (студии, 1984)
- Копнеж по систем (студии и критики, 1992)
- Одлики на лириката (студија, 1989)
- Стапка и отстапка (огледи и критики, 1987)
- Камен искушител (критики, 1997)
- Теорија на книжевноста (1999).
- Тетратки (критики и огледи, 1997)
- Мала книжевна теорија (2001)
- Херменевтика на идентитети (2006)
- Има подготвено антологија на македонскиот расказ и есеј.
[уреди] Преводи
- „Via lasciva“ (песни во превод на француски, 1997)
- „Time difference“ (поезија во превод на англиски, 1998)
[уреди] Награди
Катица Ќулавкова е добитник е на наградите: „Студентски збор“, „Браќа Миладиновци“, „Ацо Шопов“, „Димитар Митрев“, „Нарциса“, „Млад борец“ и „Велја Кутија“.