Каури
Од Википедија, слободна енциклопедија
Каури Заштитен статус: Безбеден
|
|||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
![]() Каури дрво по име „Те Матуа Нгахере“
|
|||||||||||||||
Научна класификација | |||||||||||||||
|
|||||||||||||||
|
|||||||||||||||
Agathis australis (Д. Дон) Лоудон |
|||||||||||||||
|
Каури (Agathis australis) е иглолисно дрво кое расте во северниот дел на Северниот остров на Нов Зеланд. Каури дрвото расте исклучително право и достигнува височина од 40-50 м, со мазна кора и мали овални листови. Во минатото ова дрво било многу употребувано, и затоа денес не е толку често колку што било во пред-европските времиња.
Лисјата му се околу 3-7 см долги и 1 см широки. Иако по текстура се кожести, немаат средна жилка; наредени се во спротивни парови или во венчиња од по три на секое гранче. The шишарките им се топчести, 5-7 см во пречник, и зреат за 18-20 месеци по опрашувањето; при зрелоста тие се распаѓаат и испуштаат семиња. Машките шишарки се цилиндрични, 2-4 см во должина и 1 см во дебелина.
Каури дрвата главно виреат во северниот дел од Северниот остров на Нов Зеланд. Најпознати примероци на вакви дрва се т.н. Тане Махута и Те Матуа Нгахере кои се наоѓаат во регионот Нортленд. Овие дрва се именувани по маорскиот бог на шумата, односно 'Таткото на шумата'. Заради нивната големина, овие дрва претставуваат туристичка атракција.
Каури е најголемото дрво во Нов Зеланд. Големината и цврстината на дрвото е исклучително погодна како градежен материјал за куќи и бродови, а особено за јарболи на бродовите. Заради неговата светла боја ова дрво исто така се користи за изработка на квалитетен мебел. Дрвото ја отфрла својата кора за да превенира искачување и зацврстување на епифити на истата.
Во доцниот 19-ти и раниот 20-ти век смолата ( поточно полуфосилизираната смола) од ова дрво била скапоцена стока, особено заради ексклузивниот премаз кој се добива од неа.