Коле Чашуле
Од Википедија, слободна енциклопедија
Коле Чашуле (роден во Прилеп, 1921 година) е македонски романсиер, драмски писател и публицист.
Бил директор на Радио Скопје, уредник на списанијата „Нов ден“ и „Современост“, главен и одговорен уредник на „Разгледи“, директор на драмата при Македонскиот народен театар. Бил конзул во Канада и амбасадор во Боливија, Перу и во Бразил.
Чашуле е еден од иницијаторите за формирање на Друштвото на писателите на Македонија, а едно време бил и негов претседател. Подоцна се зачленува во Независни писатели на Македонија.
[уреди] Литературно творештво
Драми:
- Една вечер (1948)
- Последните гаврани (1950)
- Задруга (1950)
- Вејка на ветрот (1957)
- Бразда (1958)
- Црнила (1960)
- Игра или социјалистичка Ева (1961)
- Градскиот саат (1965), Вител (1966)
- Партитура за еден Мирон (1967)
- Земјаци (1967)
- Тројца и вистината (1967)
- Како што милувате: Оставка на еден карипски министер за внатрешни работи или, Достага на самиот врв од највисоката власт (1975)
- Суд (1978)
- Житолуб (1981)
- Дивертисман за еден Стрез (1967-1990)
- Роднокрајци (1987)
- Тибурсио и Синфороса, (1988)
- Вејка, два (1989)
- Сон прв (1991)
- Сон втор и по него друг (1992)
- Модус мориенди (1992)
- Лакримула (1993)
- Маркучот во четири гласа (1995)
Романи:
- Простум (1970)
- Премреже 1-2 (1977)
- Вомјази (1981)
- Имела (1982)
- Горчила (1983)
- Канадски фрагменти (1985)
- Конзулски писма (1987)
- Така е, ако ви се чини (1994)
- Лимб (2002)
Книги раскази:
- Првите дни (1950)
- Раскази (1953)
- Само сказни (2000)
Книги есеи:
- Записи за нацијата и литературата (1985)
- Нови записи (1989)
- Македонски дилеми (1992)
- Резиме за мојата генерација (1998)
- Болно племе (2000)
[уреди] Награди
Добитник е на наградите: За драмски опус „Марин Држиќ“, „11 Октомври“, и „Стале Попов“, „Стериина награда“, Награда за книжевен опус на „Мисла“, „4 Јули“ и други.