Комити Запад
Од Википедија, слободна енциклопедија
Комити Запад се најстарата и најбројната навивачка група во Македонија. Комитите се навивачи првенствено на ФК Вардар, потоа и на сите спортски клубови што го носат името Вардар и црвено - црната боја, спортските репрезентации на Република Македонија, а во последно време се навивачи и на РК Кометал Ѓорче Петров. Нивната трибина е западната на градскиот стадион во Скопје, по која ја носат и додавката Комити Запад.
[уреди] Историја
Како најстара навивачка група во земјата, Комити официјално се формирани во 1987 година, со првото истакнување транспарент со натпис Комити, на западната трибина на натпреврот меѓу ФК Вардар и ФК Црвена Звезда од Белград. Вардар како клуб навивачи имал од своето основање, но навивачи организирани во навивачка група немал сè до тој натпревар. Бројноста на Комитите расте со победите на ФК Вардар по стадионите низ СФРЈ над големите југословенски тимови. Во тие години Комити како единствена навивачка група од Македонија на секој натпревар добиваат засилување и од другите македонски градови. На секој натпревар на западната трибина се забележувале знамиња со натписи “Комити“ - Велес, Кавадарци, Струмица, па дури и Битола сè до тепачката меѓу битолските Комити со тогашните скопски панкери од кога започнува ривалството меѓу Комити и Чкембари. Со распадот на СФРЈ и формирањето на Македонската лига, Комити добиваат конкуренција од навивачки групи од секој помал град. Комитите добиле забрана за гостувања од некогашниот претседател на ФСМ Љубисав Иванов - Ѕинго.
[уреди] Химната на Комити
Комити знаме, на запад веат
и песна пеат, и песна пеат
знамето наше, во две бои
црвено-црно, на запад стои
црвената е во крвта врела,
за македонски градови и села,
а црната е за тој што жали
за Гоцевите идеали!
Да живее Вардар и Македонија!
[уреди] Ривалски навивачки групи
- Чкембари Битола
- Мајмуни Прилеп
- Гемиџии Гостивар
- Шверцери Скопје
- Балисти Тетово
- Романтичари Скопје